Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар вечерва против Феникс за одбрана на 4 позиција

Објавено

на

Викендов се игра последното 22. коло од регуларниот дел во Првата македонска кошаркарска лига. Познати се сите патници во Плеј-оф и Плеј-аут завршницата, од неколку дуели само зависи конечниот изглед на табелата.

Денешниот напревар помеѓу КК Гостивар и Феникс 2010 е токму еден од тие дуели, на гостиварци потребна им е победа за да ја задржат 4. позиција, односно предноста од домашен терен во четвртфиналето од ТОП 8 фазата во која веќе е закажаа пресметка со екипата на Работнички. Додека на Феникс потребна му е победа за да го задржи 6. место. И за двете екипи постојат други комбинаторики, но таму зависат од исходот на други натпревари.

КК Гостивар сезонава двапати загуби од екипата на Феникс, во првиот дел од сезоната (84-66) и во КУП натпреварувањето (70-72), Феникс 2010 е подобар и во вкупниот збир од досегашните дуели на овие две екипи со 4 победи, наспроти 2 на гостиварци.

Натпреварот се игра во Спортската сала Младост од 19 часот, во живо може да го следите ТУКА.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена