Вести
КК Гостивар во финишот го скрши Кожув (70:69)
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/10/kk-gost-2.jpg)
Во крајно тежок и неизвесен натпревар КК Гостивар успеа да го скрши отпорот на Кожув и да ги запише првите поени на отварањето на сезоната.
Пред повеќе од 1.000 гледачи, кошаркарите на Србиноски ги совладаа гевгеличани (70:69) во последните моменти од натпреварот. Во меч со многу осцилации и двете екипи имаа свои моменти, првата четвртина им припадна на гостите, кои цело време беа резултатски во игра. За резултатската неизвесност придонесоа и играчите на КК Гостивар, кои успеаа да повторат неколку недозволиви грешки во моменти каде се кршеше резултатот.
Најзаслужен за победата на гостиварци е Џо Фурстингер. Американецот на своето деби покажа како се игра и бори за боите на клубот. За 32 минути поминати на теренот Фурстингер приреди вистинско уживање за публиката во спортската сала Младост, атрактивни забивања, шут за три поени, блокади, борбеноста беа дел од репертоарот на Џо, кој успеа да запише дабл-дабл, 32 поена и 14 скока.
Кај домашната екипа поени уште запишаа и Костоски 11, Сегариќ 10, Тасоски 8, Димчески 6, Димитриески 2 и Зеќири 1 поен. Кај гостите најуспешен беше Караколев со 17 поени.
Во следното коло екипата на КК Гостивар ќе гостува во Куманово, против истоимената екипа.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди