Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 24/11/2018

КК Гостивар во финишот го скрши отпорот на Вардар (80:82)

Заврши натпреварот помеѓу екипите на КК Вардар и КК Гостивар во која гостите беа поуспешни. Гостиварци го добија натпреварот со резултат 80:82, по четвртини (19:23, 21:14, 16:20, 24:25)

Тежок и неизвесен натпревар во Спортскиот центар Кале, каде свои моменти има и двете екипи. На гостите им припадна првата четвртина со 4 поени разлика, Вардар ја доби втората и замина со предност на полувреме. Одлична партија кај домаќините имаше Провел кој постигна пола од поените на домаќините и ја одржуваше неизвесноста до крајот на третата четвртина. КК Гостивар проработи во последниот дел, колективната игра, проектилите од сите позиции и подобриот ростер ги одведоа гостите на +8 на 5 минути пред крајoт, но возбудувањата на завршија тука. Провел беше незапирлив запиша вкупно 41 поен и на 26 секунди пред крајот Вардар поведе 80:78, но искуството и мирната рака на Димче Тасоски во поседните секунди од натпреварот го одлучија победникот.

Димче Тасоски одигра одличен натпревар, беше најдобар стрелец кај Гостивар со 19 поени, Фурстингер постигна 18, Костоски 17 поени.

Со оваа четврта победа во серија, КК Гостивар има 12 бодови и скор од 5 победи и 2 порази.

 

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*