Вести
КК Гостивар во последната секунда загуби од Работнички 91:90
Кошаркарите на Гостивар загубија на гостувањето во Градски парк против Работнички со 91-90.
Искусниот Мијатовиќ ја донесе победата на Работнички, буквално во последната секунда. Гостиварци одиграа одличен натпревар. Имаа предност во поголемиот дел од мечот, добивајќи ги првата и втората четвртина, на полувреме имаа предност од 42:50. Домаќините добивајќи ја третата четвртита успеаа да се вратат во игра, во последниот период во кој се одигра една цела драма, се влезе со резултат 68:67. Гостивар на 5 минути имаше предност од 70:79, но како се ближеше крајот, така победникот беше понеизвесен. На 25 секунди пред финишот со погодокот на Бенџамин домаќините имаа поен предност, Гостивар беше во напад и Доналдсон погоди за два и предност на КК Гостивар од 89:90 на секунда пред крајот. И кога сите мислеа дека е готово Работнички за 1 секунда, преку Мијатовиќ успеа да постигне кош и слави со 91:90.
Најдобар стрелец во победата на Работнички беше Лесколт со 25 поени, додека Данило Мијатовиќ постигна 17 поени.
Кај гостиварци одлична партија одигра американецот Доналдсон кој запиша 21 поен, 10 скока и 8 асистенции. Тасоски и Џелетовиќ запишаа по 16 поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар