Вести
КК Гостивар загуби од Блокотехна 70:80 – Србиновски исклучен
Во првиот натпревар во Супер лигата КК Гостивар загуби од Блокотехна. Конечните 70:80 се победа со најмала разлика сезонава по четвртини (17:25 15:15 19:21 19:19), во трите триумфи за гевгелиската екипа против гостиварчани и покажуваат колку беше тесен натпреварот во текот на поголем дел од мечот.
Штета што дуелот „го решија“ трите технички досудени една по друга, на 04:59 минути до крајот на третата четвртина, во ситуација кога резултатот беше 41:47 и домаќините се враќаа во живот.
Тренерот на домашните, Марјан Србиновски пламна по двете технички, една за Сегариќ и една за него, по што доби втора што автоматски значи исклучување и мораше да го напушти паркетот. Прекинот траеше 10-тина минути, публиката беше на нозе, натпреварот се доигра и гостите победија, по што арбитрите под полициска заштита ги спроведоа до соблекувалните.
Кошаркарите на КК Гостивар пружија одличен натпревар против второпласираната екипа. Андреј Магдевски беше најдобар поединец со 20 поени, 6 скока и 3 асистенции. Зеќири запиша 15 поени и 7 скока, Тасовски 12 поени, 8 асистении. Димчевски и Сегариќ постигнаа по 8 поени. Робев 3, Павловски и Никс по 2 коша.
Кај гостите најрасполежен беше Двејн со 25 поени.
Во сенка на случувањата се подзаборавија убавите моменти од натпреварот, на полувреме од страна на КК Гостивар беше организирана забавна наградна игра за сите присутни во салата. Најсреќните си заминаа со богати подароци од натпреварот.
Суперлигата почна со контроверзија која што може да има и поголеми последици, управниот одбор на Гостивар поради настанатата ситуација итно заседаваше после натпреварот и излегоа со соопштение во кое се споменува и истапување од лигата.
Во соработка со: Basketball.mk
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди