Вести
КК Гостивар загуби од МЗТ Скопје – Публиката задоволна од прикажаното
Во еден од најжешките натпревари сезонава во Гостивар, без никакво значење за домашната екипа. КК Гостивар одигра одличен натпревар. МЗТ Скопје го доби дуелот 81:88, но на избраниците на Марјан Србиновски нема за што да им се замери. Пожртвувано, борбено без штедење на силите се носеа со актуелниот шампион и претставник на Македонија во овогодинешната АБА лига. Им недостасуваше само шутот за три поени, „бело-сините“ имаа 34 обиди за 3 поени од кои погодија само 12. За споредба МЗТ Скопје постигна 14 тројки од 20 обиди.
Ивица Димчевски беше најдобар поединец кај домашната екипа со 25 поени, 3 асистенции и 4 скока. Јуре Сегариќ постигна 16, Магдевски 15 поени. Тасовски постигна 11, Ре.Димитриески и Зеќири по 3 поени.
Кај гостите најрасположен беше репрезентативецот Симоновски со 26 поени, од кои 8 тројки.
Подгреаната атмосфера од самиот почеток, дополнително ја вжешти навивачката група Family Aerodrom, кои допатуваа од Скопје да ги бодрат кошаркарите на МЗТ. Гостите наидоа на жежок пречек од домашната публика. Гостиварци по којзнае кој пат ја наполнија салата и покажаа како се бодри саканиот тим.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград