Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар загуби од Работнички (89:78) – Ќе презими на 4-тата позиција на табелата

Објавено

на

Кошаркарите на КК Гостивар загубија вчера на гостувањето во Градски парк од актуелниот шампион Работнички 89:78, по четвртини (29:19, 12:18, 19:25, 29:16)

Гостиварци потклекнаа во финишот, беа рамноправен противник во поголемиот дел од натпреварот. Успеаа резултатски да е вратат после првата четвртина која домаќинот ја доби со десет поени разлика. Отпорот се зголемуваше во втората, посебно во третата четвртина кои им припаднаа на гостиварци и го презедоа водството 57:59. Во последниот дел неколкупати се менуваше водството, но во самиот финиш попушти концентрацијата на гостите, на 4 минути пред крај Работнички направи серија од 9:0 и немаше повеќе време за нешто повеќе.

Кирил Николовски беше нерешлива енигма за одбраната на КК Гостивар, запиша 30 поени. Тој и Стајиќ 20, заедно, постигнаа повеќе од половина поени за домаќинот.

Кај „бело-сините“ најрасположени беа Фурстингер и Димчевски постигнаа по 17, Зеќири запиша 11 поени.

Со одигрувањето на последното коло од есенскиот дел, се разјасни сликата околу распоредот на табелата. КК Гостивар ќе презими на четвртата позиција со скор од 6 победи и 4 порази и кош разлика 110 во позитива.

Вториот дел од првенството започнува кон крајот на јануари.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена