Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар загуби во Куманово (77:71)

Објавено

на

Кошаркарите на КК Гостивар го загубија вчерашниот меч со екипата на Куманово 77:71. Во изедначен натпревар со многу грешки на двете страни кумановци се поблиску се до плеј-офот. Екипата на Марјан Србиновски не беше без шанси во натпреварот. Успеаа да анулираат разлика од 14 поени, во два наврати на минус еден поен кога противникот беше веќе надигран, не успеаа ги искорисаат нападите и да поведат. Неорганизираната игра, избрзаните шутеви, многуте грешки ги коштаа гостиварци можеби и пласмен во финалниот плеј оф.

На овој натпревар само пет кошаркари успеаа да запишат поени. Тасовски постигна 24, Никс 17 и Сегариќ 16, Димчевски 9, Магдевски 6, останатите кошаркари на КК Гостивар вкупно 0 поени.

Кај екипата на Куманово најуспешен беше Стајиќ со 17 поени. На пет кола пред крајот на Супер лигата сега Куманово е два чекори пред екипата на КК Гостивар. Во следното коло гостиварци играат против екипата на Блокотехна во Гевгелија.

КК Гостивар не беше без поддршка од своите навивачи и на овој натпревар. Голем број на љубители на кошарката од Гостивар допатуваа во Куманово да го следат натпреварот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена