Култура
Книгите ни даваат слобода, пораки по повод Светскиот ден на книгата

Македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право оваа година ја напиша писателот Димитар Башевски, кој посочува дека писателите, издавачите, читателите, сите тие кои се најдиректно поврзани со книгата, во особенава ситуација мора да го прават она што е најсоодветно за да ја одржат нејзината слава, затоа што историјата на книгата е историја на човекот, на човештвото воопшто.
„Кога се работи за книгата на македонската почва, на македонски јазик, кога се работи за нашата книга, таа наша книга не само што го засведочува, не само што го меморира, ами во најголема мера го овозможила нашето културно и историско постоење, таа е тоа што памети и тоа што се памети, поврзувајќи ги често испрекинатите векови. Таа стигнува, посебно со поетските и лингвистичките трудови на Блаже Конески, во чија слава ја посветуваме оваа 2021 година, да се интегрира во високите европски и светски вредности“, се вели во македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.
„Во овој период на несигурност, многу луѓе се свртуваат кон книгите кои ќе им помогнат да се справат со затвореноста и со неспокојот. Тие се средство за истражување на светови вон нашето лично искуство преку запознавање со различни автори, идеи и култури. Страница по страница, книгите ни осветлуваат патека по која можеме слободно да се движиме, неограничени од времето и просторот. Со други зборови, книгите ни даваат слобода“, се вели во пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.
Светскиот ден на книгата и авторското право, кој благодарејќи на одлуката на УНЕСКО од 1995 година се одбележува на 23 април, денот кога во 1616 година починале двајца великани на книжевноста: Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, има цел да се потсетиме на значењето на книгата, да се поттикнат издавачите и да се укаже на заштитата на авторското право.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо