Поврзи се со нас

Македонија

Коалиција Менуваме: Зголемување на додатоците и почитување на сите права на лицата со попречености

Објавено

на

Коалицијата Менуваме бара зголемување за 35 проценти на додатокот на попреченост кој во моментов изнесува 7.100 денари и за исто толку и посебниот детски додаток, кој сега изнесува 5.100 денари. На таков начин, велат, ќе се изврши усогласување согласно просечната нето-плата во државата. Од Коалицијата, меѓудругото бараат и да се направи регистар за лица со попреченост, а помагалата за деца и лица со оштетен вид-слепи да бидат ставени на товар на Фондот за здравство.

За оваа цел, како што велат од Коалицијата Менуваме, поддршка ќе побараат и од дипломатскиот кор во земјава, од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и од Делегацијата на ЕУ во Скопје, но и од други межународни организации кои се бават со почитување на правата на граѓаните.
-Ќе побараме поддршка и медијаторство за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост, се вели во соопштението од Коалицијата.
Земјава, се додава во него, ја има ратификувано конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост
-Комитетот при ОН за правата на лицата со попреченост по основ на имплементација  на член 28, став 45  посочува  со цел да се  гарантира соодветен животен  стандард на  лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да  ги покријат трошоците поврзани со попреченоста, државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата и лицата со попреченост: да обезбеди итна  материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32,  да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста…Од овие причини, бараме зголемување на износот на сите додатоци по основ на попреченост, како и посебниот детски додаток, велат од Коалицијата Менуваме.
Истовремено, нагласуваат, треба да им се овозможи  да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста (вклучувајќи и не ограничувајќи се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето), а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот (што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија).
-Коалицијата Менуваме писмено ќе се обрати до Комитетот во Женева за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, делегацијата на ЕУ во земјата, Европската комисија во Брисел, дипломатскиот кор во земјата, ОБСЕ и до сите меѓународни организации кои се бават со човековите права во полето на лицата со попреченост. Не е дозволиво држава која претендира за влез во ЕУ да се однесува дискриминирачки и манипулативно кон децата и лицата со попреченост, велат од Коалицијата Менуваме.
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Што, како, каде?!пред 41 минута

Голема летна распродажба во Спорт М во Гостивар!

Гостиварпред 2 часа

До недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Македонијапред 2 часа

Aвгустовски испитен рок од државната матура

Македонијапред 16 часа

ССМ: Минималните животни трошоци во јули 47.042.000 денари

Гостиварпред 19 часа

Во изминативе 24 часа во Гостивар регистрирани 30 нови случаи на КОВИД-19, во земјава 679

Гостиварпред 22 часа

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Гостиварпред 23 часа

Претрес во гостиварско, пронајдена марихуана

Гостиварпред 24 часа

Градежни активности на патниот правец Маврови Анови, село Галичник

Вестипред 1 ден

ЕУ размислува за воведување санкции против Турција поради нејзиното зближување со Русија

Здравје и убавинапред 1 ден

Дали кафеавиот шеќер е поздрав од белиот кристален шеќер?

Гостиварпред 2 дена

Во Требиште нарушен јавниот ред и мир со физички напад врз две лица

Гостиварпред 2 дена

Приведени три лица поради физичка напад во Врапчиште

Македонијапред 2 дена

Поевтинуваат горивата

Гостиварпред 2 недели

Тринаесетгодишната Андреа од Здуње, најмлада учесничка во Горно Реканската коњаница

Гостиварпред 1 недела

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 5 дена

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Што, како, каде?!пред 5 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

Промотивни цени на станови во „Пелагонија престиж“ во месец август

Гостиварпред 1 недела

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Гостиварпред 7 дена

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 2 недели

Коњаницата „Бигорски Манастир-Патот до црешовото топче“ по 13-ти пат на марш во чест на Илинден

Гостиварпред 1 недела

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Гостиварпред 1 недела

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Културапред 2 недели

Во Гостивар заокружен проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“

Македонијапред 2 недели

Судир на две возила на патот Маврови Анови-Дебар, повеќе лица повредени меѓу кои и малолетник

Македонијапред 2 дена

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 1 недела

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 4 недели

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 2 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена