Деца Родители
Кога би добиле втора шанса да го воспитувате своето дете…
Први јуни низ светот се одбележува како Меѓународен ден на детето. Празникот датира од 1925 година, кога меѓународните фактори се собрале во Женева, Швајцарија да дискутираат за правата и заштитата на децата. Поаѓајќи од фактот дека семејството е основата на детската среќа и на развојот на детската личност, по повод денот, нашата порака до родителите ја испраќаме преку поемата на Дијана Луманс, американска писателка и инспиративен говорник:
Кога би имала можност повторно да го воспитувам своето дете,
повеќе време би сликала со прстите, а поретко би ги користела за вперување.
Помалку би корегирала, а повеќе би разбирала.
Би го тргнала погледот од часовникот и би гледала во своето дете.
Помалку би се грижела што знам, а би знаела дека треба повеќе да се грижам.
Би одела почесто на излети и би летала хартиени змејови по небото.
Би престанала да бидам толку сериозна и повеќе би играла.
Би трчала многу повеќе низ полиња и би уживала под ѕвездите.
Би го гушкала детето, наместо да го влечам за да стигнеме навреме.
Поретко би била строга, а повеќе позитивна и полна со поддршка
Прво би градела самодоверба, а потоа куќа.
Помалку би го учела за љубовта кон моќта, а повеќе за моќта на љубовта.
Дијана Луманс
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија