Поврзи се со нас

Деца Родители

Кога детето треба да престане со редовниот сон попладне?

Објавено

на

Кога детето треба да престане со редовниот сон попладне? На ова прашање се обиде да одговори Алан Сејлем, педијатар од „Роквил центарот“ во Њујорк, САД, според кого, потребите за сон дење се разликуваат од дете до дете.

„Некои малечки целосно ќе престанат да спијат попладне веќе во третата година, додека на други повремено ќе им треба редовен сон преку ден дури и на петгодишна возраст. Детето е она што ја има главната улога во „елиминирањето“ на дневниот сон, односно знаците коишто јасно можат да откријат дали е време да го исфрлите дневниот сон од секојдневната рутина. Имено, предвременото прекинување на редовниот сон преку ден, може да доведе до прекумерен замор и лошо расположение, па затоа им препорачувам на родителите – обрнете внимание на следните знаци…“, вели Сејлем.

Тие знаци се: Сè почесто детето го прескокнува дневниот сон и поради тоа нема никакви проблеми; станува многу рано наутро; спие помалку од 10 часа навечер; му станува сè потешко да заспие попладне; тешко заспива ноќе.

Педијатарот нагласува дека и ако детето е вообичаено добро расположено, тоа значи дека најверојатно веќе нема потреба од редовната попладневна дремка.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена