Занимливости
Знаете ли кога е создаден првиот електричен тротинет?
Денес стануваат се` попопуларни, но нивната историја е навистина долга. Првиот електричен тротинет е создаден во 1915-та година од американската компанија Аутопед. Се произведувал во Америка и во Германија и бргу станал омилено превозно средство на многумина.
На пример, поштарите го користеле за побрзо да стигнат до саканата адреса и да ја достават пратката.
Интересно е што го често користеле и членовите на њујоршките банди, затоа што со тротинетот им било лесно да побегнат од полицијата низ тесните улички. Потоа, познатиот борец на женски права, британката Флоренс Присила со прекар Лејди Норман, секојдневно се возела со него, од дома до својата канцеларија во центарот на Лондон.
Откако моделот на Аутопед доживела голем успех, на пазарот се појавиле и други марки на електрични тротинети. Компанијата ABC Motorcycles го создала Skootamota, кој бил побрз и достигнувал 24 километри на час, а компанијата Gloster Aircraft Company лансирала два модела Reynolds Runabout и Unibus.
Првичните модели секако имале свои мани, но со тек на време се усовршувале, па биле подобрувани сопирачките, удобноста, безбедноста и слично.
Во триесеттите години на минатиот век, електричните тротинети биле промовирани како идеално превозно средтсво во големите воени бази. Сепак, најголема популарност стекнале после војните, со оглед дека имало потреба од штедење на горива.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди