Гостивар
Кога ќе има конечна ранг листа за социјалните станови во Гостивар?

Процедурите за распределување на социјалните станови во Гостивар влегоа во завршната фаза. Откако во втората половина од мај беше објавена прелиминарната ранг листа со вкупно 74 кандидати, Комисијата за распределба излезе на теренски проверки, да увиди дали приложената документација е соодветна на фактичката состојба на апликантите. Gostivarpress.mk упати прашања до Министерството за транспорт и врски: До каде се теренските проверки, колку од нив се завршени и дали се констатирани неправилности, но конкретни одговори не добивме. Во повратниот одговор од Министерството само беа образложени законските постапки кои следуваат до изготвување на решенијата за становите.
„Социјалните станови се распределуваат и доделуваат под закуп согласно Одлуката за распределба на социjалните станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија која е објавена во„Службен весник на РСМ“ бр. 37/22 и 38/22. Согласно горенаведената одлука, по објавувањето на прелиминарните ранг листи по категории кориснички групи од страна на Комисијата за распределба на социјалните станови во рок од 30 дена се вршат увиди на лице место на местата на живеење на лицата од прелиминарната ранг листа и дополнитела проверка на податоци издадени оод надлежни институции. По завршување на горенаведените активности а согласно констатираните состојби, од страна на Комисијата се изготвува конечна ранг листа на лица-корисници на социјален стан и која се доставува до Министерот за транспорт и врски. Врз основа на конечната ранг листа, од страна на Министерот за транспорт и врски се донесуваат решенија за распределба на социјалните станови за секој учесник на огласот.“, наведоа од Министерството за транспорт дополнувајќи дека по приемот на решенијата, секој незадоволен апликант има право на тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од приемот на ова решение.
Во меѓувреме социјалци, семејства со лица со посебни потреби, Роми и други ранливи категории од Гостивар кои се најдоа на прелиминарната листа го исчекуваат конечниот резултат.
Социјалната зграда со 70 стана се наоѓа на улицaта „ЈНА“, покрај Кејот на Вардар. Становите се со површина од 33 до 44 метри квадратни.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022