Гостивар
Кога родителите на првачиња во Гостивар ќе ги добијат парите од општината?

Родителите кои имаат првачиња во учебната 2022/2023-та година во гостиварските училишта, се‘ уште ги чекаат парите кои општината ги определи за нив како еднократна помош во висина од 1.500 денари. На вчерашната седница на општинскиот Совет беше покренато прашање: Зошто се доцни со исплатата на средствата и кога таа ќе се реализира, на што претседателот на Советот, Валбон Лимани одговори дека се очекува парите да „легнат“ на сметките на родителите во текот на јануари.
„Исплатата доцни заради тоа што сметката на Општина Гостивар беше блокирана. Потоа кога се одблокира немаше доволно средства во таа ставка за да се изврши плаќањето на сите родители, имаше опција да оди во фази, но сепак одлучивме дека сите треба да ги добијат парите истовремено. Верувам дека исплатата на средствата ќе се реализира во текот на јануари.“, појасни Лимани.
Одлуката за доделување на еднократна парична помош на семејствата со првачиња беше донесена од Советот на Општина Гостивар непосредно пред почетокот на учебната година. Над 500 семејства се пријавија за надоместокот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава