Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Кога сакате здрав деликатесен намаз одберете хумус

Објавено

на

Хумусот е еден од најпопуларните намази во вегетаријанската исхрана, но омилен е и кај оние кои го сакаат ориенталниот вкус. Се прави од наут, маслиново масло, лимонов сок и сол.

Одличен е за дијбетичари, поради нискиот гликемски индекс на наутот, со кој се подготвува и сложените јаглехидрати кои ги содржи, го контролира нивото на шеќер во крвта. Хумусот е здрав меѓу оброк, го потпомогнува дигестивното здравје, ја зголемува енергијата. Наутот е извор на амино киселини кои му даваат здраво градење на мускулните влакна во нашето тело, обнова на ткива и продукција на енергија. Бидејќи и маслиновото масло е една од состојките со кои се подготвува хумусот, тој е богат со омега-3 масни киселини кои имаат многу корисно дејство за нашето тело и му помагаат во одржувањето на кардиоваскуларнотото здравје и здрав нервен систем.

Подготовка на наут за домашен хумус

Подготовката на овој здрав и вкусен намаз е едноставна. Наутот е основната намирница на хумусот. Во продавниците обично наоѓаме сув наут, но истиот може да го купите и во конзерва, спремен за конзумација.

Подготовката на хумусот пожелно е да го планирате однапред, бидејќи наутот треба предходно да го закиснете. Најдобро е да го оставите да преноќи во вода, колку подолго е натопен, толку пократко ќе го готвите. Доколку бил потопен 8 часа, потребно е да го варите околу 1 час, а доколку бил 12-16 часа, ќе треба да го варите нешто помалку од еден час.

Наутот потопен во вода ќе набoбри, но нема да омекне. Добро е да го измиете пред готвење. Ставете го во сад, додадете вода и малку сол, па вараете го на силен оган. Оставете го некое време да отстои во топлата вода. Отстранете ја водата и наутот е спремен за употреба.

Рецепт за подготовка на хумус

Потребни намирници:

2 чаши варен наут (ако го подготвувате дома) или конзервиран наут
Половина чаша таан (паста од сусам)
¼ чаша маслиново масло
2 чешниња лук
Сол и бибер
Сок од 1 лимон
Сецкан магдонос за декорација

Начин на подготовка:

Ставете ги сите намирници во блендер (освен магдоносот) и блендирајте. Додадете малку од водата во која се варел наутот (или водата од конзервата наут), додека не добиете смеса со густина на пире. Добиената смеса ставете ја во еден сад и хумусот е спремен за сервирање. Сервирајте со ливчиња магдонос, една лажица маслиново масло и малку бибер. Намазот може да го јадете намачкан на интегрално лебче, како додаток на домашните сендвичи или во комбинација со зеленчук, како моркови, целер, краставици.

Вреди да се проба…

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена