Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Кога треба, а кога е штетно да ја спуштате температурата со лекови?

Објавено

на

Способноста на организмот да развива високи температури, укажува на силен, борбен организам и виталност. При висока температура се забрзуваат метаболичките процеси за 5 до 8 пати, се зголемува производството на интерферони, со што се спречува развојот на вируси, количината на железо во крвната плазма се намалува, а тоа е важно за спречување на растот на бактериите. Се зголемува и движењето и дејствувањето на белите крвни зрнца, кои ги уништуваат микробите.

Затоа, кога се соочувате со покачена температура, не посегнувајте веднаш по лекови. Многу луѓе во тој поглед грешат и не му дозволуваат на телото природно да се бори против вирусите и бактериите.

Во статија во германскиот магазин Апотекен Умшау, пишува дека покачената телесна температура, треба да се спушта со лекови, кога ќе достигне над 38,5 Целзиусови степени.

„Кога е постудено луѓето полесно настинуваат, фаќаат инфекција или воспаление предизвикани од вируси и бактерии, а може да качат и температура. Тоа е една природна и здрава реакција на нашиот организам на воспаленија и инфекции. Тоа е нашата најсилна вродена заштита против  бактериите и вирусите. Нивото на треска на телото не укажува на сериозност на ситуацијата. И најмала обична болест, може да ја покачи телесната температура, а понекогаш некоја тешка и сериозна болест да се одвива без покачување на температурата. Сама последица за благо покачување на телесната температура би била забрзувањето на метаболизмот, а тоа помага во борбата против воспаление и инфекции“, се наведува во статијата.

Кога е во прашање благо покачената температура, лекарите никогаш не препорачуваат да се спушта со лекови, бидејќи на тој начин болеста, која е и причинител на покачената телесна температура, може да продолжи. Кога телесната температура благо ќе се покачи, организмот сака да го уништи вирусот.

Кога има потреба покачената телесна температура, најчесто се намалува со лекови, како бруфен, парацетамол и други слични аналгетици и антипиретици.

Лекарска помош треба да се побара, кога телесната температура ќе се покачи над 39 степени и не се спушта со лекови по три дена, а е проследена со силна исцрпеност.

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена