Здравје и убавина
Кога треба да се легне и колку да се спие за совршен физички изглед?
Научниците утврдиле дека сонот кој трае 9 часа и 10 минути има оптимален ефект врз физичкиот изглед, со што кожата станува сјајна, очите се помалку матни, а тенот со текот на времето станува блескав.
Ако сакате одењето во кревет да има максимален ефект “beauty sleep”, најдобро време за легнување е 21:45 и најдобро за будење 6:55 минути.
Значи, најдобар ефект за вашиот физички изглед ќе има сонот од 9 часа и 10 минути.
Тоа го откриле британските научници, врз основа на испитување на ефектите од долг сон врз физичкиот изглед, кое беше спроведено за потребите на британската компанија „Sealy UK“, која се занимава со производство и продажба на кревети.
Кај испитаниците кои спиеле 9 часа и 10 минути, било забележано дека нивната кожа е повеќе блескава, имаат појасен поглед и подобар тен.
Иако времето за одење во кревет е многу порано отколку што се навикнати повеќето возрасни луѓе, експертот за спиење Нил Робинсон вели дека се трошат премногу пари за потребата луѓето да изгледаат убаво и се чувствуваат добро, а воопшто не водат грижа на тоа дека квалитетниот сон прави чуда за нашиот целосен изглед.
“При тоа Нил вели, треба да се земе во предвид и квалитетот на спиењето. Да се направи се што е можно за да се создаде средина во која може пријатно и мирно да се спие”, истакнува Робинсон за британскиот Мирор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар