Гостивар
„Кога жена-мајка нешто ветува, тоа мора да се оствари – се обврзувам за посреќни семејства во Македонија“, порача Стојаноска
Носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска денес во Гостивар беше на средба со членки на Унијата на жени и Движењето за национално единство на Турците.
„Сите ние без разлика дали се викаме Дафина, Махмуде, Анета, Зејнеп или Гордана, без разлика кој јазик го зборуваме, каде и на кого се молиме, сите ние најдобро знаеме да ја почувствуваме грижата за семејството. Дојдено е време да си ги заштитиме семејствата, зашто секој ден е се’ потешко. И секој ден не’ боли душата. Затоа, јас како носителка на листата во изборна единица 6 од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ се обврзувам дека ќе се грижам македонските семејства да добијат повеќе. А кога жена-мајка нешто се обврзува, тоа и го реализира, тоа мора да се оствари. Ние денес се обврзуваме дека на 15 јули ќе го закружиме бројот 14, за посреќни семејства во Македонија, истовремено посреќни мајки и посреќни деца“, порача Стојаноска.
Предизборната агенда на ВМДО ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар денес продолжува на средба со граѓани во населбата Циглана.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград