Поврзи се со нас

Деца Родители

Когнитивен тренинг за деца во Гостивар и во Скопје со Слаѓана Анѓелкоска-доктор по психологија

Објавено

на

АС- Анима Psycho-Wellness и Советување креира програма КОГНИТИВЕН ТРЕНИНГ ЗА ДЕЦА која опфаќа Когнитивна проценка, Когнитивен тренинг и рехабилитација за деца кои сакаат да ги зајакнат своите когнитивни способности, но и за деца со развојна и функционална попреченост.

Што е когнитивен развој? Когнитивен развој е област во психологијата и неуронауката која се фокусира на когнитивниот развој на детето, во смисла на обработка на информации, способност за перцепција, концентрација, внимание, ориентација, учење на јазик и останати аспекти на развојот на мозокот и когнитивната психологија. Со други зборови, когнитивниот развој преставува способност за разбирање и осмислување на светот околу нас.

Неуропластичноста на мозокот овозможува неуроните да се обноват анатомски и функционално и да создадат нови синаптични врски. Пластичноста на мозокот, односно неуропластичноста, преставува способност на мозокот да ги врати изгубените когнитивни функции, да го зајакне нивното функционирање, но и да создаде нови синаптички врски за когнитивно функционирање. Оваа способност  на прилагодување на нервниот систем, му овозможува на мозокот да се опорави после настаната повреда и развојна попреченост, како што се претрпени мозочни удари, когнитивни оштетувања, АДХД, аутизам и други когнитивни попречености.

Когнитивната проценка ќе ни даде единствен когнитивен профил пред да се започне со когнитивниот тренинг, со цел да се постигне оптимално церебрално и ментално здравје. Проценката опфаќа рангирање на функционалноста на секоја когнитивна способност, како што се меморија, концентрација, внимание, фокусираност, координација, размислување, решавање на проблем задачи. Покрај тренирање на послабите вештини, самите можете да направите избор која вештина сакате да ја зајакнете кај вашето дете.

Когнитивниот тренинг за деца се базира на решавање на задачи составени од предизвици кои што треба да се решат, со совладување на еден предизвик се преминува кон потешки или полесни задачи во зависностод претходно постигнатиот успех.

До најважните когнитивни способности не се доаѓа лесно и мозокот мора да научи како да ги извршува потребните функции на најдобар начин. Со постојано вежбање на мозокот за подобрување на неговото функционирање се подобрува концентрацијата, вниманието, помнењето, решавањето на проблеми, донесување на одлуки и многу други функции.

Ова е една од причините поради што когнитивниот тренинг за деца е важен. Проценката и тренирањето на Когнитивните вештини може да ја подобри функцијата на значајни мозочни функции кои се користат во секојдневниот живот.

Когнитивниот тренинг за подобрување на когнитивните вештини кај децата се реализира индивидуално со детето и тоа опфаќа:

  • Когнитивна проценка и креирање на когнитивен профил за детето кои се спроведува во почетокот на тренингот, во текот на тренингот и на крај на тренингот. Со што родителот ќе има увид во моменталната когнитивна состојба на детето, но ќе може да ги следи промените во совладување и подобрување на когнитивните вештини.
  • Еднаш неделно детето ќе се подложи на когнитивен тренинг со примена на сензорна табла која е дизајнирана да ја подобри ефикасноста на когнитивните функции, со вклучени визуелни и аудитивни компоненти. Таблата содржи игри со помош на кои се подобрува вниманието, меморијата, перцепцијата, координација, ориентација, подобрување на мускулатурата на рацете. Игрите користат две форми на вежби – функционални и когнитивни. Веднаш се добива фидбек за успешното или погрешното завршување на играта, така да веднаш се видливи резултатите кај децата.
  • Три пати неделно децата низ групни активности децата низ игра ќе влијаат на развојот на когнитивните способности и функционалноста на двете хемисфери ( оваа активност се одржува во група од најмалку 6 деца).
  • Еднаш неделно секој родител ќе има средба со психолог на кој средби ќе се разговара за односот родител-дете.
  • Секој родител ќе добие листа на активности за развој на одредена когнитивна функција кои што ќе треба да ги вежба дома со детето, помеѓу два третмана со сензорната табла.

Когнитивниот тренинг е наменет за деца од најмала возраст па се до раниот пубертет. Предучилишниот период и раната училишна возраст преставува период на брзо создавање на нови неуронски врски во мозокот. Во овој период се создаваат важни центри во мозокот, се формира цела мрежа на нови синаптички врски. Поради тоа когнитивниот тренинг најголеми резултати дава кај деца на возраст од 3 до 9 години.

Когнитивниот тренинг е наменет и за деца со намалена когнитивна функција со опадната единасност на концентрација, помнење, внимание, координација, перцепција, рассудување, ориентација во простор, ослабена мускулатура на рацете. Кај овие деца неактивните неурони во мозокот одмараат, а со тек на време се губат и низ вежбање и континуиран тренинг истите може да се оформат и да се зацврстат.

Когнитивниот тренинг е наменет и за деца кај кој е дијагностициран АДХА и аутистичен спектар на попречености, пречки во развојот на мускулатурата на рацете.

Когнитивниот тренинг може да се примени и кај возрасни особи после претрпен мозочен удар кај кои е настаната повреда на когнитивните функции за нивно враќање  во функција.

Когнитивниот тренинг за деца го водат тим од лиценцирани психолози кои се едуцирани за психодијагностика, невродијагностика, Когнитивно- бихејвиорална терапија, Игровна терапија.

Когнитивниот тренинг се одржува во Скопје и во Гостивар со претходно закажување на e-mail as.anima2009@gimail.com или на тел. 078 26 30 78 кај д-р по психолошки науки Слаѓана Анѓелкоска.

Дел од когнитивните функции кои се тренираат низ Когнитивниот тренинг за деца

Внимание

Способност да се игнорираат пречките од околината и да се фокусираме на важните информации. Вниманието е вклучено во сите когнитивни процеси и задолжено е за насочување на когнитивниот напор. Доброто внимание е значајно за другите когнитивни процеси, како што се помнење и планирање.Вниманието е многу важен процес кој активира различни подрачја во мозокот, од мозочното стебло до периферниот кортекс. Но, доминантна хемисфера за контролата на вниманието е десната хемисфера, оваа когнитивна област ни овозможува да бидеме внимателни и вниманието да го насочуваме на дразбите, односно на стимулусите кога се присутни пречки од околината, да останеме концентрирани во текот на подолго време, да го насочиме вниманието на различни активности или да го пренасочиме вниманието на две случувања истовремено. Оваа когнитивна способност се тренира во Когнитивниот тренинг за деца.

Помнење

Способноста за запомниме или да користиме нови информации, како и да се присетиме на информациите од минатото. Помнењето ни помага да ги запомниме информациите и да се сетиме на случувањата од минатото, како и да ги користиме сите информации во иднина. Учењето е основниот процес во помнењето, бидејќи ни овозможува да примениме нови информации или да ги промениме постоечките. После овој процес на кодирање и складирање, информацијата, сеќавањето или учењето може да се искористи во иднина. Хипокампусот е основното мозочно подрачје задолжено за процесот на помнењето и активно е во текот на спиењето кога информацијата добиена во текот на денот е со јак интензитет.

Координација

Способност да правиме одредени сакани движења. Координацијата ни овозможува брзо и успешно да спроведеме одредено движење. Малиот мозок преставува мозочна структура која што е одговорна за координација на движењата: одење, држење на чаша, танцување и други движења. Таа овозможува ускладеност помеѓу нашите движења и нашите сетила.

Перцепција

Способност да ги толкуваме информациите од надворешната средина. Перцепцијата е задожена за толкување и давање на смисла на информациите кои ги добиваме преку нашите сетила и тоа на основа на нашето познавање на светот кој не опкружува. Перцепцијата е процес кој покренува различни сетила ( вид, слух, допир итн.), а нашиот мозок е задолжен за поврзување на тие податоци давајќи им слисла. Мозочната област која е поврзана со перцепцијата е одговорна за обединување на информациите добиени по пат на сетила така да можеме успешно да воспоставиме интеракција со опкружувањето. За да се заврши процесот на перцепција успешно, потребно е да се усвојат и да се разберат информациите кои ги примаме.

Расудување

Способност успешно да ги користиме информациите кои ги добиваме по пат на нашите сетила. Извршните функции ни овозможуваат да користиме усвоени информации за да постигнеме некоја цел. Овој збир на усовршени процеси ни овозможува да поврземе, групираме, средиме и да ги планираме нашите идеи или активности во согласност на нашите потреби. Тие ни овозможуваат да бидеме флексибилни и да се прилагодиме на опкружувањето. Извршните функции ни овозможуваат успешно да ги извршиме секојдневните активности и да ги оствариме целите дури и кога е потребно да направиме промена на првобитниот план.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 ден

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 2 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 3 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 3 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Како да се реши сообраќајниот хаос во Гостивар? Гужви по улиците, паркира кој каде сака…

Видео емисиипред 3 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена