Здравје и убавина
Кои адитиви во храната се опасни по здравјето?
Огранската, свежа и природна храна е секако најдобриот избор за нашиот организам и зачувување на здравјето. Но, факт е дека многу поголем е бројот на луѓе кои секојдневно јадат преработена храна, конзервирани производи, продукти со вештачки додатоци коишто се многу штетни. Верувале или не, постојат над 350 вештачки средства кои се додаваат во храната за да и` се подобри вкусот, да се продолжи рокот на траење и слично. Дел од додатоците треба максимално да се избегнуваат заради сериозните последици врз здравјето.
Храна со ознака Е200 до Е299: Овие ознаки се наменети за конзервансите. Тие го продолжуваат рокот н аупотреба на храната, а се вистински убиец на здравјето. Колку и во која форма може да ги има е строго определено. Особено се штетни нитрати и нитрити, кои се смета дека имаат канцерогено дејство. Кажете и НЕ на конзервираната храна.
Храна со ознака Е600 до Е-699: Тоа се засилувачи на вкус. Наизглед можеби делува наивно, но воопшто не е. Ваквите адитиви го нагласуваат природниот вкус на продуктите и се всушност хемиски соединенија. Ги има во се` и сешто, од грицки, супи, кремови за готвење… Конзумирани често и во поголеми колични може да предизвикаат алергија, мигрена или проблеми со варењето на храната.
Храна со ознака Е400 до Е499: Емулгатори и стабилизатори кои најчесто се додаваат во пудинзи, желатин и месни продукти, за да ги направат похомогени и посочни. Сепак, цената што ќе ја платите ако претерате со нивно конзумирање, не вреди. Тие најчесто ги напаѓаат цревата и желудникот и предизвикуваат проблеми со варење на храната, дијареа и слично.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград