Вести
Кои беа најуспешни основци на регионалните натпревари?
Изминатиот период се спроведоа регионалните натпревари во знаење по повеќе предмети за учениците од основните училишта, кои покажаа најдобри резултати претходно на општинските натпревари.
На натпреварот по математика во категоријата за четврто одделение прво место освои Јана Бошковска од ОУ „Мустафа К. Ататурк“ (ментор Катерина Спасеноска), додека второто место му припадна на Матео Серафимоски од ОУ „Единство“ (ментор Маре Стојкоска). Трето место добија учениците Илина Димитријевска и Никола Петрески од ОУ „Гоце Делчев“ и Христијан Петроски, Јосиф Милчески, Бојана Анастасијеска, сите од ОУ „Единство“.
Петтоодделенките Слаѓана Стојаноска и Михаела Јаќимоска од ОУ„Гоце Делчев“ освоија трета награда. Ментор на ученичките е Габриела Мерџаноска. Од истото училиште, ученикот Марио Крајоски освои трета награда и на регионалниот и на републичкиот натпревар. Негов ментор е Ѓуро Трпески.
На регионалниот натпревар по англиски јазик првото место во категоријата за петто одделение го освои Михаела Јаќимоска од ОУ „Гоце Делчев“ под менторство на Галина Петреска. Ученичката Михаела Антеска од истото училиште освои трето место, под менторство на Дијана Петкоска.
Меѓу деветтоодделенците најдобар беше Виктор Андријевски од ОУ „Мустафа К. Ататурк“ под менторство на Јованка Анастасовска. Второто место го освои Аритон Имери од Врапчиште со ментор Шпенди Небиу, а третото, ученикот Омар Амзи од ОУ „Единство“ под менторство на Неиме Шишко.
По англиски јазик се одржаа натпревари и за средношколците од втора година. Прво место доби Љупка Николоска од гимназијата, второ Александра Маркоска и трето Анабела Брајкоска, двете од медицинското училиште.
На натпреварот по географија ученикот Димитар Казиоски од ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар освои прво место. Второто место и припадна на Марија Трпеска, а третото на Гоце Лазарески, ученици од ОУ „М.К.Ататурк“
Викендов се спроведоа и натпревари по природни науки, но официјалните резултати се уште не се објавени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди