Поврзи се со нас

Занимливости

Кои градови ги избираат американците кога се селат на „стариот континент“

Објавено

на

Вашингтон, Лос Анѓелес, Њујорк, Бостон, Чикаго, Хјустон, Лас Вегас, Детроит се градовите кои се синоним за Соединетите Американски Држави. А и кај голем дел на европеејците се желба или неостварен сон да се преселат по подобар живот што поблиску или во некој од овие градови. Таква е сликата во овој правец, но каква е сликата од другата страна?

Кои градови ги избираат американските државјани кога сакаат да се преселат кај нас?

Како критериум за избор на еден просечен американец се: присуство на меѓународно училиште, квалитет на живот, здравствен систем, интернет конекција, близината на аеродром со меѓународни летови, трошоци за живот, активна заедница на емигранти и низок степен на криминал.

European best destinations (EBD), го открија своето рангирање на најдобрите места во Европа, за живеење кои ги избираат американските емигранти.

Брага, Португалија

Португалците се истражувачи и токму на нив должиме многу откритија. Соочена со океанот, Португалија е нон стоп отворена за светот. Отвореноста и претприемништвото се два важни квалитети што можат да се најдат во Брага.

– Заборавете на клишеата за латините кои по цел ден се сончаат на сонце, Португалците се квалификувани и доста вредни, зборуваат англиски многу подобро од многу нивни европски соседи – наведуваат од ЕБД.

Брага е трет град во Португалија и се смета за најсреќен град во земјата. Исто така е на листата на европските градови со најдобар квалитет на живот. Долги години, Брага е домаќин на важни меѓународни настани. Познат по својата историја и гастрономија, овој „португалски Рим“ привлекува не само претприемачи и семејства (поради квалитетот на животот, зелените области и меѓународните училишта), туку и оние кои сакаат да инвестираат во туризам.

Мадрид, Шпанија

Мадрид нуди највисок квалитет на европски живот, разумни трошоци за живот и ниска стапка на криминал. Шпанија е земја во постојан развој – динамична, културно неспоредлива и дестинација што ќе им се допадне и на најсложените, пишува ЕБД.

Посончева од Франција, Шпанија нуди и добра здравствена заштита и училишни системи. Без разлика дали доаѓате со своја работа, работите далечински или барате работа во мала, средна или голема компанија или пак сакате активно да живеете во пензија, Мадрид одговара на профилите на сите емигранти.

Помладите генерации Шпанци зборуваат англиски, но учењето шпански јазик ќе ви биде од голема корист.

Мадрид е главен град на голема земја и затоа е поскап од некои други места во Шпанија, но трошоците за живот се пониски отколку во многу други европски метрополи како што се Виена, Лондон или Париз.

Брајтон, Велика Британија

Ако сакате да се сместите во Европа на неколку месеци, една година или остатокот од вашиот живот, но немате енергија или време и можност да научите нов јазик? Тогаш Велика Британија е вистинскиот избор.

Додека некои градови како Лондон, Манчестер или Бирмингем се совршени за наоѓање работа во големи компании, другите, како Брајтон, се создадени за слободни мислители, почетници, дигитални номади и уметници.

Познат по својата отвореност и толеранција, Брајтон е признат и како еден од најзелените престолнини на Велика Британија.

Неговите предности се културен живот, отвореност, одлично крајбрежје, необични продавници, меѓународни училишта и светски позната улична уметност.

Сан Себастијан, Шпанија

Сместен на брегот на Баскеискиот Залив, овој прекрасен шпански град е еден од гастрономските метрополи на Европа, со импресивна концентрација на ресторани со многу ѕвезди, прекрасни плажи, силен регионален карактер, одличен квалитет на живот и култура.

Хамбург, Германија

Скоро 14 проценти од Американците имаат германско потекло. Германија е земја добредојдена за американските имигранти кои се враќаат на своите корени или сакаат да откријат земја позната по нејзиниот квалитет на живот, важни индустрии, ниска стапка на криминал, висока стапка на вработеност, стабилност и добро физичко и економско здравје.

Германија има што да им понуди на сите видови иселеници, пензионери, млади работници, дигитални номади, млади родители, независни патници, без разлика дали се високо или средно квалификувани.

Покрај споменатите градови и земји, тука се и Атина во Грција и Брисел во Белгија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена