Занимливости
Кои се најпребаруваните туристички дестинации на Google во 2024 година?
Според анализата на Google за последните 12 месеци, Турција се најде на првото место како најпребарувана туристичка дестинација, пренесува списанието Condé Nast Traveler. Оваа земја направи огромен скок во популарноста, бидејќи минатата година дури не беше ниту во топ 10. Турција го заслужи првото место благодарение на својата богата култура, историја, величествена архитектура и уметност.
Истанбул е препорачан како задолжителна дестинација, но Турција нуди и прекрасни плажи, живописни села и боемски улици кои ветуваат незаборавно искуство.
Грција на второто место
Грција, која беше минатогодишен победник, сега го зазема второто место. Од белите песоци на Миконос до прекрасните пешачки патеки на Кефалонија, оваа дестинација секоја година привлекува огромен број љубители на морето. Дополнително, Атина оваа година ја доби титулата „најмиризлив град во светот“, што е уште една причина да ја посетите оваа земја.
Малта на третото место
На третото место се наоѓа Малта, чија богата историја и природна убавина ја прават популарна дестинација за снимање на филмови и серии како Гладијатор II, Игра на тронови и Троја.
Италија, Египет и други популарни дестинации
Италија, која е синоним за уметност, култура, историја, гастрономија и прекрасни плажи, го зазема четвртото место. Оваа медитеранска земја продолжува да ги привлекува туристите како никогаш досега. Египет е на петтото место благодарение на својата античка историја, пустините, морето и скриените локални богатства.
Португалија, Кипар, Мексико, Маурициус и Хрватска ги заокружуваат првите десет најпопуларни дестинации според анализата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград