Свет
Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2024 година?

Во Европа во 2024 година се продадени близу 13 милиони нови автомобили, што е зголемување во однос на лани, а неприкосновен лидер на пазарот, пред VW Golf и Renault Clio, е Dacia Sandero.
Во последните три години, повеќедеценискиот европски лидер, Golf, ја нема силата што ја имаше некогаш за да ја задржи својата водечка позиција на европскиот пазар. Golf е сè уште блиску до врвот, но, според аналитичарите на авто европскиот авто пазар, клиентите ги промениле своите навики.
Така, во 2022 година, Европејците најмногу му веруваа на моделот Peugeot 208, минатата година прв пат на еден електричен автомобил Tesla Model Y, додека годинава првото место ќе го заземе Dacia Sandero.
Во периодот јануари-ноември 2024 година во Европа се регистрирани 245.686 возила Dacia Sandero, втор е Volkswagen Golf – 198.886, а трет Renault Clio со 195.930 регистрации. Следуваат Volkswagen T-Roc – 187.339 регистрации, Peugeot 208 – 183.740, Tesla Model Y – 180.682, Toyota Yaris Cross – 178.922, Škoda Octavia – 167.175, Toyota Yaris – 164.496, а топ 10 листата ја заокружува уште еден модел на Dacia, Duster со 157.287 регистрации.
Романскиот производител во текот на 11 месеци продал повеќе од 245.000 примероци Sandero на европскиот континент, што е за 14 отсто повеќе од лани во истиот период. Golf иако бележи раст од 20 отсто, годинава е на второто место со близу 199.000 продадени возила, додека Clio е трет со само 3.000 регистрации помалку од германскиот адут, со раст од 9 проценти во 11-те месеци од 2024 во споредба со истиот период лани.
Иако оваа година бележи 20 отсто помала продажба во Европа, Tesla Model Y со повеќе од 180.000 новорегистрирани автомобили и натаму зазема многу високо место во генералниот пласман. Во исто време, тој е убедливо најпродаваниот електричен автомобил во Европа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос