Македонија
Кои се руските пранкери Вован и Лексус кои објавија разговори со Заев?

Руските комичари Кузнецов и Столаров кренаа голема прашина со објавување на снимка на својот јутјуб канал, за која тврдат дека се телефонски разговори со премиерот Заев, кои датираат од август 2018, јануари 2019 и април 2019, а во кои му се претставуваат како Порошенко и Столтенберг.
Кои се руските пранкери и како тие ја објаснуваат својата работа?
Владимир Кузнецов-Вован е роден 1986 година во Краснодар, Русија. Дипломирал правни науки, а со пранк почнал да се занимава од 2007 година. Во 2011 година се преселил во Москва и почнал да работи како новинар во таблоид, по што подлабоко навлегол во пранкот и остварил соработка и партнерство со Алексеј Столаров-Лексус. Столаров е роден 1987 година, Екатеринбург, Русија и има диплома по економски науки.
Она што тие го работат го нарекуваат поинакво истражувачко новинарство. На листата на нивни „жртви“до сега се нашле многу познати личности и политичари, претседателите на: Украина-Порошенко, Франција-Макрон, Турција-Ердоган, генералниот секретар на НАТО Столтенберг, косовскиот премиер Харадинај, пејачот Елтон Џон.
Во 2017-та издале заедничка книга, во која пишуваат за она што го нарекуваат пранк-новинарството, нивните идеи и начинот на работа. Книгата се вика „За кого звони телефонот?“ , а пранкерите објаснуваат дека нивните шеги не се обично мајтапење, туку така смислени за преку нив да се добие некоја значајна информација.
Вован и Лексус имаат свое шоу на руската телевизија НТВ наречено „Звонок“, што во превод значи-телефонски повик.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар