Поврзи се со нас

Македонија

Кои се руските пранкери Вован и Лексус кои објавија разговори со Заев?

Објавено

на

Руските комичари Кузнецов и Столаров кренаа голема прашина со објавување на снимка на својот јутјуб канал, за која тврдат дека се телефонски разговори со премиерот Заев, кои датираат од август 2018, јануари 2019 и април 2019, а во кои му се претставуваат како Порошенко и Столтенберг.

Кои се руските пранкери и како тие ја објаснуваат својата работа?

Владимир Кузнецов-Вован е роден 1986 година во Краснодар, Русија. Дипломирал правни науки, а со пранк почнал да се занимава од 2007 година. Во 2011 година се преселил во Москва и почнал да работи како новинар во таблоид, по што подлабоко навлегол во пранкот и остварил соработка и партнерство со Алексеј Столаров-Лексус. Столаров е роден 1987 година, Екатеринбург, Русија и има диплома по економски науки.

Она што тие го работат го нарекуваат поинакво истражувачко новинарство. На листата на нивни „жртви“до сега се нашле многу познати личности и политичари, претседателите на: Украина-Порошенко, Франција-Макрон, Турција-Ердоган,  генералниот секретар на НАТО Столтенберг, косовскиот премиер Харадинај, пејачот Елтон Џон.

Во 2017-та издале заедничка книга, во која пишуваат за она што го нарекуваат пранк-новинарството, нивните идеи и начинот на работа. Книгата се вика „За кого звони телефонот?“ , а пранкерите објаснуваат дека нивните шеги не се обично мајтапење, туку така смислени за преку нив да се добие некоја значајна информација.

Вован и Лексус имаат свое шоу на руската телевизија НТВ наречено „Звонок“, што во превод значи-телефонски повик.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена