Гостивар
Кој е Игор Ангеловски – Мрме, тивкиот херој на наjубавата фудбалска репрезентативна приказна
Објавено
пред 5 месецина

Македонија одамна не памети ваков голем, важен и не само фудбалски успех, како можноста да се пласира на најголемиот настан во Европа, Европско првенство во фудбал.
Сениорската репрезентација на Македонија се наоѓа на еден натпревар од најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. Сето она што ни од блиску не им успеа на: Слободан Сантрач, Сречко Катанец, Друловиќ, Бошко Ѓуровски, Мирсад Јонуз, Ѓоко Хаџиевски, Ѓоре Јовановски, Гоце Седлоски, Бобан Бабунски, па ни на Џон Тошак и Чеде Јаневски, ниту на легендарниот Андон Дончевски, во изминатите 30 години, му успеа на скромниот Игор Ангеловски – Мрме.
Селекторот Ангеловски ја доведе фудбалската репрезентација на Македонија на само еден натпревар од пласман на Европско првенство во фудбал, нешто што во минатото, беше незамисливо.
Но, кој е Игор Ангеловски – Мрме, херојот на целата оваа убава приказна?
На кормилото на сениорската фудбалска репрезентација е од 16 октомври 2015 година, од кога неговиот „шеф“ Љубинко Друловиќ чиј беше помошник, доби отказ после катастрофалните квалификации и кога сите кренаа раце од фудбалската репрезентација, „осакатената“ селекција ја презеде Игор Ангеловски.
И во каква-таква состојба, Мрме започна чесно да си ја заработува платата. На премиерата како селектор со Црна Гора запиша пораз од (4:1), во наредниот натпревар уште еден пораз (0:1), од Либан, тенкото искуство на најмладиот селектор на нашата репрезентација, лошиот ранкинг на листата на ФИФА, со сеуште свежиот дебакл во квалификациите, беше силен аларм сите „сили“ кои орбитираа околу нашиот национален тим срамежливо да се оттргнат од фудбалската репрезенатација, оставајќи му на Ангеловски простор да работи без никакви надворешни сугестии и влијанија, што селкторот „господски“ го искористи.
За наредниот циклус на квалификации за Светското првенство, Мрме веќе го имаше оформено костурот на оваа генерација, изврте огромен број на играчи во националниот дрес, шанса добија скоро сите македонски фудбалери кои покажаа малку талент, посебно играчите од домашното првенство. Природната и квалитетна селекција си го направи своето. Во тие квалификации со Шпанија, Италија, Израел и Албанија, Македонија немаше успех, заврши претпоследна на табелата, но на сите им стана јасно дека нашата селекција знае да игра фудбал.
Веќе во следниот циклус, прв од новоформираната Лигата на Нации, Македонија во групата Д заврши прва, со 5 победи од 6 натпревари, од каде се пласиравме во вчерашниот полуфинален бараж натпревар, преку кој не очекува историскиот во ноември против Грузија. За кој Игор Ангеловски вели:
„Се израдувавме на победата над Косово, нека се радува Македонија. Но мора да заборавиме на еуфоријата, работата се уште не е завршена, следува историскиот натпревар против Грузија на 12. ноември. Покажавме сплотеност и не се поделивме по ниту една основа, нашите репрезентативци се големи луѓе. Одиме чекор по чекор, време за еуфорија ќе има, но прво да оствариме резултати кои ги сакаме и да се пласираме на крајот на тоа Европско првенство“, рече Ангеловски по вчерашниот натпревар.
Игор Ангеловски е роден на 2. јуни 1976. година. Фудбалската кариерата ја започнува во Цементарница 55 од каде преминува во тимот каде најмногу беше запомнат како фудбалер Победа од Прилеп, од каде преминува во Публикум Цеље и ФК Срем од Војводина.
Кариерата како тренер ја започна во ФК Работнички. Дека Мрме „знае како“ говори и фактот дека токму тој беше тренер во легендарната сезона на ФК Работнички во Европа, кога романтичарите преку, Флора, Јелгава, Трабзонспор, стигнаа до четвртото квалификациско коло во кое немаа среќа и испаднаа од Рубин Казан. Во репрезентатвниот фудбал, влезе како помошник на Друловиќ во 2015 година, по што стана прв селектор.
Силно веруваме дека селекторот Ангеловски до крај ќе ја заврши започнатата мисија и ќе успее да не запише како учесници на Европско фудбалско првенство, па макар и во време на најголема корона криза, кога не можеме да се израдуваме како доликува.
Селекторе, капа доле!

Ритуалот на најголемиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

Гостивар и денес со двоцифрен број потврдени нови ковид случаи

На патот Гостивар-Тетово фатени 30 лица кои возеле пребрзо

Малолетник нападнат од таткото на неговата девојка

На социјалните мрежи забележани повици за самоповредување на малолетни лица – МВР апелира за внимателност!

Неделен ковид биланс: Пораст на нови случаи за 56%, оздравени и починати на исто ниво

Средните училишта во Гостивар ќе се унапредуваат преку Акциски планови со приоритети

Можни се нови мерки, предлог за задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од африканските земји

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 1 ден
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот