Поврзи се со нас

Занимливости

Кој е клучот за подолг живот?

Објавено

на

    Истражувачите од Универзитетот во Единбург спровеле голема мета-анализа на гените кои се одговорни за подолг живот. Тие биле во можност да измерат како одредени гени и начинот на живот придонесуваат во додавањето на барем неколку месеци од нашиот живот.

    Истражувањето, објавено во списанието Nature Communications, ги анализирало генетските информации кај повеќе од 606.000 луѓе. Бидејаќи човекот го дели генетското потекло со своите родители, овој тим го открива влијанието на различните гени врз долговечноста.

    “Моќта на големите податоци и генетиката ни дозволуваат да го споредиме ефектот на различните однесувања и болести во однос на изгубените или стекнатите месеци и години на живот, и да направиме разлика помеѓу здружувањето на гените и каузалниот ефект”, вели проф. Џим Вилсон во соопштението.

    Исто така, научниците го зеле во предвид начинот на живот, за да се потврди независноста од генетски ризици, но во исто време можеле да ги споредат луѓето со слични фактори на ризик, за да се види колку различните однесувања на поединецот ги менува шансите за долг живот.

    Она што не не изненадува е фактот дека луѓето кои спортуваат и живеат поздрав живот подолго живеат. Во меѓувреме, пушењето, срцевите проблеми, дијабетесот и преголемата телесна тежина го намалуваат нашиот животен век. Секоја единица над нормалната вредност на БМИ е еднаква на 7 месеци помалку од животот.

    Како и да е, пушачите кои ќе прекинат со оваа навика, со текот на времето можат да го достигнат истиот животен век како и непушачите.

    “Нашата студија го проценува каузалниот ефект од изборот на нашиот начин на живот. Откривме дека, во просек, пушењето по една кутија цигари дневно го намалува животниот век за 7 години, а губењето килограми кај луѓето со голема тежина ќе го зголеми животниот век за два месеци”, вели лидерот на студијата, д-р Питер Џоши.

    Тимот исто така идентификувал ген, поврзан со нивото на холестерол во крвта, што може да го намали нашиот животен век за 8 месеци, и еден поврзан со имунолошкиот систем, кој може да додаде околу 6 месеци.

    Податоците доаѓаат од 25 одделни студии, спроведени во Европа, Австралија и Северна Америка.

    Во соработка со Е наука

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена