Поврзи се со нас

Вести

Кој е осомничениот што објави доверливи документи од Пентагон

Објавено

на

    Весникот Њујорк тајмс синоќа го објави идентитетот на лицето кое веројатно стои зад протечените строго доверливи документи на американската влада, а за што моментално истрага водат Министерството за правда и Пентагон. Се работи за 21 годишен војник во Националната гарда на Масачусетс кој служи во военото воздухопловство со ранг авиотехничар (airman). Според весникот, тој бил модератор на приватна група во социјалната платформа Discord, популарна меѓу љубителите на видео игри, каде споделувал доверливи документи. 

    Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа го задржа Џек Теишеира (Teixeira) кој е во служба на воздухопловната единица на Националната гарда на Масачусетс. 

    Во четвртокот и Вашингтон пост објави материјал во обид да стане малку појасно кој имено поставил на Интернет стотици документи на Пентагон. Весникот укажа дека се работи за помлад службеник кој работел во една од воените бази на САД.  

    Во приватна чат група лицето се води под псевдонимот „ОG“. Тој бил лидер и учител на чат групата наречена Thug Shaker Central, во која се наоѓале 20-30 малолетници и млади луѓе кои се интересираат за оружје и видео игри и кои на платформата споделувале расистички слогани. Во групата учествувале лица од САД, Азија и Јужна Америка. 

    Според искази на учесници на таа група „ОG“ поседувал оружје, се фалел дека одлично пука и има пристап до доверливи информации. На почетокот тој на групата ги опишувал содржините на документите до кои имал пристап, а потоа почнал да ги фотографира и поставува во чатот. 

    Вашингтон пост се поврза со учесник на групата, малолетник, кој раскажал дека е пријател на „ОG“. Новинарите направиле неколку интервјуа со него, со согласност на неговата мајка. Тој кажал дека нема да открие на властите кој е  „ОG“ и каде се наоѓа. 

    Во изјавата синоќа платформата Discord објави дека соработува со истрагата.

    Си-ен-ен од свои извори соопшти дека од ФБИ го стесниле кругот на осомничени кои според нив можат да бидат вовлечени во протекувањето и во изминатите денови спроведувале распити. И покрај тоа што пристап до документите имала поголема група луѓе, истражителите успеале да го идентификуваат обвинетиот со помош на судско-медицинска трага оставена од него. 

    Кривична истрага за овој случај спроведува канцеларијата на ФБИ во Вашингтон. 

    Од Пентагон синоќа на брифингот не одговорија како можело лице со толку низок ранг да има пристап до строго доверливи информации. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена