Гостивар
Кој е ставот на МОН по предлогот на Таравари за продолжен зимски распуст?

Изминатиот период градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во два наврати јавно го истакна својот предлог за продолжување на зимскиот распуст, а кратење на летниот, во насока на штедење струја. За да се реализира тоа, барањето треба да добие зелено светло од Министерството за образование и наука. Сепак, од МОН велат дека за сега не се зацртани таков тип на промени во текот на учебната година. Во одговорот што Gostivarpress.mk го доби од Министерството на прашањето – дали го разгледале барање на Таравари и кој е нивниот став по однос на предлогот, стои:
„Ставот на Министерството за образование и наука е дека училиштата треба да бидат постојано отворени за време на учебната година и наставата да се организира со физичко присуство, бидејќи тоа е од најдобар интерес на учениците, а воедно и предвидено во календарите за организирање на работата на основните и средните училишта во учебната 2022-2023 година. Сепак, МОН ќе ја следи состојбата и во меѓувреме ќе се разгледуваат сите пристигнати иницијативи и за било какви нови одлуки, јавноста навремено ќе биде известена. Во овој момент и за општините и за училиштата под нивна надлежност, важат препораките и мерките за штедење на електрична енергија кои неодамна ги објави Владата на Република Северна Македонија.“
Гостиварскиот градоначалник алармираше дека на општините им се заканува сериозна финансиска криза и дека нема да можат да ги подмируваат сметките за електрична енергија за училиштата во грејната сезона, апелирајќи учениците да бидат на зимски распуст во декември и јануари. Наставниот процес, според него, би се компензирал со кратење на дел од летниот распуст.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава