Рецепти
Кој е за чаша боза? Суперздрава, природна, вкусна…
За разлика од газираните сокови и оние кои се полни со вештачки ароми, бозата е освежителен пијалок подготвен со природни состојки и е корисен за организмот.
Бозата се прави од брашно, вода, шеќер и квасец. Ова се основните состојки, но тајната на добрата боза си ја знаат само бозаџиите. Ако имате мерак да си подготвите дома, може да се обидете со следниот рецепт:
Состојки: 5 литри вода, 1 кг. шеќер, 600 гр. непросеано пченкарно брашно, 30 гр. квасец
Брашното се меша со топла вода и се остава да отстои еден ден. Откако ќе отстои, се вари околу 2 часа со повремено мешање. Кога смесата ќе се излади се додава квасецот, кој претходно треба да се измеша во малку млака вода и да нарасне. Повторно се остава да отстои преку вечерта. Наредниот ден се додава шеќерот и убаво се меша додека тој целосно не се истопи.
Вака подготвената боза задолжително се чува во фрижидер.
Со оглед на начинот на подготовка, бозата изобилува со пробиотици кои се корисни за дигестивните органи и олеснување на стомачните тегоби. Содржи протеини и минерали како железо, калциум, потоа органски киселини и витамини од Б групата. Се препорачува за пиење и за подобрување на видот, потоа регулирање на крвниот притисок, против главоболка и после напорна физичка активност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар