Поврзи се со нас

Занимливости

Кој ја измислил руската салата, омилен деликатес на празничната трпеза?

Објавено

на

Празничната трпеза по некое непишано правило, едноставно не поминува без познатата руска салата. Основниот рецепт за овој деликатес го знае секој, но малку е познато од каде потекнува салатата што го освои светот.

Првата руска салата ја направил Лусиен Оливие во 1860-та година. Оливие бил руски готвач со француско потекло и работел како шеф на кујната во ресторанот “Ермитаж” во Москва. Додека на балканот салатата се нарекува „руска“, во Русија, Германија, Англија и други земји ја викаат „оливие“.

Вештиот шеф на кујната ја направил првата руска салата сосема случајно експериментирајќи со вкусови. Таа станала многу барана од гостите и набрзо се претворила во заштитен знак на ресторанот, како врвен специјалитет. Рецептот се чувал во строга тајност се до 1894 година, кога за прв пат бил објавен и тоа во кулинарското списание „Наша кујна“.
Но, првата верзија од оваа салата значително се разликува од денешната. Така се користело телешко месо, наместо салама, а содржела и зелена салата и по малку кавијар. Посебна состојка била неколку капки исклучително квалитетно маслиново масло.

Со тек на времето рецептот се менувал и се стигнало до денешната верзија.

Инаку, најголемото количество руска салата било направено во Русија во 2012 година и тоа 1.841 килограм. За подготовка биле искористени 220 килограми компир, 80 кг. моркови, 180 кг.кисели краставички, 500 кг.салама, 5.040 јајца, 136 кг. грашок и 260 кг. мајонез.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена