Поврзи се со нас

Вести

Кој се плаши од Петок 13?

Објавено

на

 

Преку одредени истражувања се дошло до заклучок дека повеќе од 20 милиони луѓе во светот се плашат од Петок 13 и го сметаат за несреќен ден. Поради тоа свое верување често се обидуваат, едноставно да го преспијат овој ден. Не одат на работа, не трошат пари, не донесуваат големи одлуки, не купуваат куќи, не стапуваат во брак, не одат да јадат во ресторани.

Самиот број 13 луѓето го сметаат за несреќен, а тоа се одразува во културите на многу држави. Многу хотели и станбени згради немаат 13 кат.

Психолозите тврдат дека соочувањето на стравот од Петок 13 кај некои луѓе може да биде клучно во споредбата со тоа како истите се соочуваат со другите секојдневни стресни ситуации и стравови. Оние кои се плашат од Петок 13 се малку поанксиозни отколку просечните луѓе. Се смета дека нивната загриженост во очекувањето на еден ден како што е Петок 13 или број 13, ќе ги направи нервозни и анксиозни во врска со многу други работи кои секојдневно ги опкружуваат.

Но, постојат и луѓе за кои Петок 13 претставува среќен ден, а 13 среќен број. Правила нема, одлучувате сами, дали ќе верувате во себе или во суеверија.

Што се однесува до потеклото за „страшниот“ Петок 13, има повеќе верзии: почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.

Како најубедливо верување, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 1 час

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 4 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 5 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 6 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 8 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 9 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 11 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 12 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена