Вести Гостивар
Кој вид на мед за кои болести и состојби се препорачува?


Најчестото прашање кое го поставуваат купувачите на мед е „Кој вид на мед е најдобар?“ Не постои одговор на ова прашање. Било кој вид на природен мед е добар, а секој од нив поседува уникатни особини кои делуваат против одредени заболувања. Сепак, подолу е прикажана една листа на видови на мед направена според широкиот спектар на корисните особини на медот и според побарувачката на купувачите.
Багремов мед
Одличен е за оние кои имаат проблеми со дигестивниот систем. Внесува рамнотежа во целиот организам и делува благотворно. Поради ниската стапка на сахароза, а високата содржина на фруктоза се препорачува на лицата со дијабетис. Поради својот состав одличен е и за мали деца (возраст од над 3 години).
Мед од липа
Делува антисептички и благотворно. Се користи за третирање на грип, настинки, бронхитис и разни респираторни заболувања предизвикани од стрептококи, стафилококи и останати грам-позитивни бактерии. Успехот на липовиот мед при третманите на овие заболувања се должи на тоа што овој мед го поттикнува организмот да се поти по што организмот за кусо време ја враќа нормалната рамнотежа.
Шумски мед
Шумскиот мед содржи најмалку 13 пати повеќе минерали од цветните видови на мед. Особено е богат со железо што го прави ваквиот мед идеален за подобрување на крвната слика. Значаен е и за растот и развојот на организмот поради што се препорачува кај децата. Се користи кај анемија, гинеколошки, респираторни и други заболувања.
Костенов мед
Медот од костен има специфична и интензивна арома и малку горчлив вкус. Помага кај нарушувања на функцијата на црниот дроб, желудникот, жолчката, дванаестпалачното црево. Лекува гастритис и чиреви, жолтица, бактерии во мочните канали. Поради извонредниот вкус и специфичната арома, костеновиот мед се користи за изработка на разни десерти.
Мед од жалфија
Овој мед со право спаѓа меѓу најдобрите. Се користи кај воспаленија и заболувања на усната празнина и на дигестивниот тракт. Лекува воспалени синуси, кашлица, суво грло, бронхитис и настинка.
Ливадски мед
Содржи доста есенцијални масла што го прави омилен кај корисниците, а особено децата. Се препорачува кај пациенти со респираторни заболувања предизвикани од грам-негативни бактерии, кај гинеколошки заболувања и авитаминози. Поради тоа што вклучува нектар од голем број на различни растенија, ливадскиот мед има прекрасен вкус и богат е со витамини и минерали.
Мед од сончоглед
Поради високата содржина на гликоза и уште неколку други битни состојки, сончогледовиот мед го подобрува имунитетот на организмот, го зајакнува срцето и ја подобрува циркулацијата.
Мед од маслодајна репка
Овој мед е доста квалитетен и поседува големи антибактериски својства. Поради лесната кристализација често може да се купи измешан со матичен млеч.


Гостивар несебично донира за погодените од земјотресот во Албанија

Двајца гостиварци и лице од кичевско извршиле 17 тешки кражби

Гостиварка касната од куче скитник

Совет Гостивар: Усвоени одлуки за легализација, финансии, работа на ЈП за паркинг и зеленило

Оваа сабота ќе биде работен ден за јавната администрација

Гостиварец фрлил чанта со дрога во двор

Села во гостиварско денес ќе останат без струја неколку часа

Укинат Законот за зелени пазари кој предвидуваше лиценци за пазарџиите од 2020-та година

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова двонеделна акција” (02.12.19 до 15.12.19)

Од полноќ, дизелот поскапува за половина денар

Силен земјотрес со епицентар во Албанија го стресе Гостивар

Доделени субвенциите за ПВЦ прозорци, од Гостивар на листата се само три

Монтенегро “Choco Festival 2019” – Гостивар царство на чоколадните уживања

Во сабота ММА спектакл во Гостивар

КК Гостивар лесно до победа против МЗТ 2 (76:106)

КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ 2 во Скопје

Голема прослава за голем јубилеј 70 години постоење – НП Маврово воодушевува и инспирира

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 2005 (94:87)

Фајт, крв и радост на ММА fight night 2 во Гостивар (фото и видео)

„Пеколниот“ Гостивар преку Кожув до врвот на табелата 81-71

ФОТО ВЕСТ: За прв пат изложба на стари фотографии во Саат кулата

Есенски пазар со украсени плодови во градинките во Гостивар (фото)

КК Гостивар ја прекина победничката серија на шампионот (80:78)

Од Гостивар испратени пораки за соживот, еднаквост и разбирање
Популарно
- Што, како, каде?!пред 1 недела
МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова двонеделна акција” (02.12.19 до 15.12.19)
- Писмапред 3 месеци
Изгубен е сијамски мачор во Гостивар, да помогнеме да се врати дома!
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Во Гостивар утревечер премиера на „Јас сум“ – претстава за предизвиците и талентите на лицата со оштетен вид
- Вестипред 1 месец
„Пеколниот“ Гостивар преку Кожув до врвот на табелата 81-71
- Гостиварпред 3 месеци
„Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната гостиварка Елиза
- Гостиварпред 3 месеци
Од Гостивар испратени пораки за соживот, еднаквост и разбирање
- Гостиварпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Ден без автомобили во Гостивар
- Бизниспред 2 години
Центар за моторни возила – Гостивар