Вести
Кој и зошто ги пали шумите низ гостиварско?
Поединци подметнуваат пожари по шумските предели во поширокиот гостиварски регион. Од Противпожарната единица во Гостивар оценуваат дека периодов има зголемен број на пожари на отворен простор, а се случувало и самите да бидат сведоци на намерно палење на шумите. Сметаат дека полицијата треба да реагира поефикасно во фаќање и казнување на подметнувачите. „Често пати ние гледаме на шумските места, како се пали, на едно, на друго место. Ние не сме во можност да го фатиме човекот. Тука треба да интервенира полицијата, но знаеме дека до сега не се случило никој да е фатен и казнет, иако тоа е кривично дело.“, вели Томе Василески, командир на Противпожарната единица во Гостивар
Податоците покажуваат дека речиси секој втор ден избувнува оган по шумите во регионот на Гостивар. Во март и првата недела од април, пожарникарите интервенирале во над 20 пожари на различни локации, по шарскиот предел, на Сува Гора, во реоните на Куново, Лакавица, Симница, Печково, Равен. За среќа, до сега немало жртви и повредени, но се причинува значителна материјална штета. Кој и зошто ги пали шумите не може да се каже, но се претпоставува дека постои голема веројатност да станува збор за дрвокрадци.
Гостиварските пожарникари апелираат на повисока свест и поголема внимателност при престој на отворено за да се намали ризикот од избувнување на пожари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград