Гостивар
Која е разликата помеѓу алпинизам и планинарење?
Дали ја знаете разликата помеѓу планинарењето и алпинизмот?
Алпинизмот може да го дефинираме како екстремен вид планинарење. Алпинистите истовремено се и планинари.
Разликата помеѓу планинар и алпинист е во тоа што алпинистите се искачуваат по потежок пат да стигнат до врвот. Колку е потешко искачувањето или условите се посурови, толку е поголем и успехот. Алпинизмот е збир на активности што во суштина се сведуваат на движење на недостапни и неуредени планински области и карпи само од спортски и естетски потреби. Покрај вообичаената опрема за планинарење, алпинистите користат и специјализирани јажиња, ремени, чекани, клинови и друга опрема.
Пред да станете алпинист, мора прво да членувате во некое од планинарските друштва, затоа што, како што е наведено на почетокот, секој алпинист е првенствено планинар. Пред да одлучите да станете алпинист неопходно е одреден период да учествувате класични планинарења за да ја почувствувате планинската атмосфера и престојот на планина.
Постојат летно искачување, односно на сува карпа, и зимско качување по снег. Покрај тоа, се изучуваат и вежбаат многу активности во снежни услови, како што се преживување на ниски температури, заштита од лавини, безбедност, јазологија, исхрана и прва помош. Искачувањето по таканаречените замрзнати водопади е предизвик за најхрабрите. Тоа е еден од екстремните видови на алпинизам кој бара посебна техника и опрема. За да се стекнете со називот алпинист потребно е многу време и труд. Треба да се искачат многу зимски и летни терени, потоа да се искачи леден водопад, да се спуштите со скии од над 2000 метри, да се положат одредени испити.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар