Поврзи се со нас

Рецепти

Колач од кајсии „Слатка тајна“

Објавено

на

Не мора да бидете мајстор во кујната за да го подготвите овој колач – едноставен е и многу вкусен.

состојки:
Путер 150 грама
Една чаша шеќер
Ванила во прав
Три јајца
Рендана кора од еден лимон
Две чаши брашно
Две лажици прашок за пециво
Половина лажичка сол
60 грама кисело млеко
14 кајсии средна големина
Две лажички шеќер (за попрскување)
Две лажици џем од кајсии за глазурата

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Исечете ги кајсиите на половини и плехот за печење прекријте го со хартијата за печење.

Во поголем сад изматете ги путерот, шеќерот и екстратот од ванила. Додавајте ги јајцата, едно по едно и матете по секое додавање.

Во сад со средна големина, замешајте го брашното со прашок за пециво и сол, а потоа додајте го во мешавината од путер и јајца и повторно матете. Додајте го киселото млеко и на крај ренданата кора од лимон и промешајте.

Смесата истурете ја во плех и рамномерно распоредете ја, одозгора наредете ги кајсиите, така што пресечената страна да е свртена надолу. Посипете две лажици шеќер и печете 30-40 минути.

Во меѓувреме, стоплете го џемот на тивок оган и премачкајте ги кајсиите додека џемот и тортата се уште се топли и послужете.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена