Магазин
Колегијалноста го продолжува животот
Пријатната работна атмосфера и искрениот колегијален однос се многу важни за здравјето на секој човек. Заклучокот доаѓа од истражување кое го направиле израелски психолози, а кое опфатило 820 вработени лица во период од две децении. За да бидат резултатите попрецизни биле одбирани работници со слични карактеристики и навики во однос на пушење, исхрана, бавење со физичка активност и слично.
Лицата одговарале на прашања врзани со нивната професија, условите во кои работат, нивните работни обврски и задачи, секојдневната атмосфера на работното место и односот со колегите. Психолозите потоа ги анализирале нивните здравствени картони и им го следеле животниот век. Се покажало дека подобро здравје и подолг живот имаат оние со изграден позитивен однос со колегите.
„Кога постои добра комуникација меѓу колегите, луѓето ја добиваат потребната поддршка, полесно поднесуваат стрес којшто е еден од главните причинители на многу болести“, објаснуваат истражувачите.
Во однос на полот, се покажало дека колегијалноста исто делува и врз жените и врз мажите, но сепак кога се работи за раководните позиции тогаш машкиот пол ужива поголема поддршка и доверба од колегите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград