Поврзи се со нас

Занимливости

Колку чини искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест?

Објавено

на

Искачувањето на Монт Еверест е најпрестижната дестинација за планинарите од целиот свет. Искачувањето на овој врв е многу популарен настан на кој се трошат или пак заработуваат многу пари.

Непал годинава издал 381 дозвола за ова искачување, што е рекорден број во историјата на организирање на овие патувања, но бројот на оние што се искачуваат кон врвот е барем двојно поголем, бидејќи алпинистите не се сами, туку ги следат водичи и други. Повеќето од овие алпинисти на Еверест се наоѓаат во исто време кога времето е погодно за тоа искачување. Поради ова, посегнувањето до врвот е отежнато, бидејќи тие мора да чекаат во ред во тесните делови, особено во делот што го нарекуваат зона на смрт, каде што нема доволно кислород за да му се овозможи на телото да преживее.

Но, метежот не ги спречува алпинистите да тргнат на ова искачување, ниту ги спречува да ги финансираат трошоците, што во некои случаи се дури 100.000 американски долари. Повеќето од оние што се искачуваат на врвот ангажираат комерцијални организатори, кои наплаќаат помеѓу 60.000 и 65.000 долари. Оваа сума вклучува водич и голем број помошници за искачување, најчесто Шерпаси, велат од Британскиот планинарски совет (BMC). Има и такви кои плаќаат околу 100.000 долари или повеќе, во зависност од удобноста што алпинистот сака да ја доживее.

Компанијата Seven Summit Treks наплаќа 130.000 долари за ВИП пакет кој вклучува вечера за добредојде, ноќевање во хотелот „Катманду“ со пет ѕвезди, приватна кујна, колачи, бар во базата, туш и тоалет, личен фотограф, оброци, чај и кафе во неограничени количини и приватна хеликоптерска служба. Пакетот не вклучува меѓународни летови до и од Непал, потребна опрема и оброци за тимот.

Цената може да биде и помала ако се ангажира локална експедиција во Непал, тоа чини околу 35.000 долари. Голема ставка во трошковникот е и опремата која им е потребна на алпинистите за ова искачување. Водичот Гарет Медисон, од Madison Mountaineering, кој наплаќа 65.000 долари како стандарден пакет, вели дека секој што сака да дојде на Монт Еверест, треба да испланира да потроши помеѓу 6.000 и 8000 УСД на костум, вреќи за спиење, чизми, специјален ранец и планинарски рачен алат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 7 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 9 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 11 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 11 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 15 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 17 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена