Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Колку е ефикасно носењето маска за лице при појава на COVID-19

Објавено

на

Деновиве сите слушнавме многу различни мислења и препораки за носење маска за лице, особено во ова време кога има светски недостиг.

Владите, докторите и научниците од целиот свет овој период, како што сите знаеме, даваат многу противречни мислења кога станува збор за носење обична хируршка маска за лице.

Првата група тврди дека обичната, ефтина хируршка маска не е во можност да не заштити од вируси. Тврдења кои се засноваат на фактот дека вирусите се толку мали во опсегот на нано-скалата и овие маски обично се користат за блокирање на респираторни капки со големи честички (дијаметар поголем од 5 μm),како и за блокирање на различни други прскања, шприцања или распрскувања да стигнат до устата и носот на оној што ја носи.

Втората група тврди дека носењето маска за лице иако не е совршено решение против ширење вируси, може да биде многу корисно и може да има драстично влијание врз ширење на некои од вирусите, особено вирусот корона. Овие тврдења се засноваат на факти дека вирусот SARS-COV 2 кој е одговорен за појава на COVID-19 во светски рамки, е со димензии помеѓу 70-90 nm (слично на другите вируси на грип) и според сите валидни стари и нови истражувања, неговото пренесување е претежно преку респираторни капки.

Во едно од најновите истражувања, објавени пред неколку дена од Универзитетот Хенан за кинеска медицина се споделува вистински случај кога со помош на користење маска за лице се спречува пренос на инфекцијата COVID-19.

Тие известуваат за типичен случај на појава на појава на кластери предизвикани од изложеност на јавен превоз, за ​​време на појава на епидемија COVID-19 во Кина.

Еден машки пациент несвесен за фактот дека можеби бил заразен и имал активен COVID-19 , не успеал да земе маска за лице пред да се качи во меѓуградски автобус. Многу патници не носеле маски за лице во истиот автобус. Времетраењето на патувањето со автобусот било 2 часа и 10 минути – во истиот автобус имало 39 други патници. Според епидемиолошкото истражување, заразени се уште 5 патници во истиот автобус.

По пристигнувањето во округот, овој машки пациент купил маска за лице и се качил во минибус со цел да стигне до неговата крајна дестинација и сега ја носи маската. Времетраењето на возењето со минибусот беше 50 минути и во истиот минибус имало и 14 други патници.

Сите 14 патници од минибусот биле прегледани и третирани како сомнителни случаи. Спроведен е 14-дневен период на медицинско набудување и по овој период тестот покажал дека сите 14 патници од минибусот се здрави и не се заразени со COVID-19.

Ова е можеби првиот реален резултат од придобивките од носење маски за лице, особено кога лицето кое носи маска е заразено со COVID-19 и заклучокот на истражувачите е:

  • Носењето маски за лице ве штити и себе и другите. Затоа, употребата на маски за лице веројатно ќе има клучна улога во ублажувањето на ширењето како на COVID-19 така и на други болести
  • При превоз на долги растојанија, најпрво треба секој да си ги оцени неговите здравствени состојби
  • Избегнете го патувањето доколку имате симптоми како треска или кашлање и консултирајте се со лекар што е можно поскоро, носејќи маска за лице
  • Носете маска за лице за време на целото патување
  • Се советува да носите 1-2 дополнителни маски за лице и да ставите нова маска за лице веднаш кога ќе видите дека старата е деформирана или загадена
  • Недостасуваат опсежни истражувања за маските за лице и понатамошните истражувања треба да се фокусираат на проценка на ефикасноста на маските за лице против ширење на COVID-19 , испитување на повторна употреба на маските за лице како и проценка на усогласеноста

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 недели

Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6

Гостиварпред 2 недели

Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец

Гостиварпред 2 недели

Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин

Гостиварпред 3 недели

Физички напади во рибинк и на улица во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 недели

Пријавен физички напад во Фазанерија

Гостиварпред 2 недели

Акција за уредување околу спомен-плочата на загинатите градители на ХЕС Маврово во Торбешки мост

Гостиварпред 4 недели

Гостиварецот Владо Глигоровски со „Аманет ви оставам“ настапи на јубилејниот „Гоце Фест“

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена