Поврзи се со нас

Занимливости

Колку калории троши мозокот додека размислуваме?

Во 1984 година, Светскиот шампионат во шах бил прекинат поради огромен замор на Анатолиј Карпов, тогашен актуелен светски шаховски првак. Карпов, во текот на подготовките за финалниот меч ослабнал десетина килограми, а не држел диети, не вежбал, ниту имал некоја друга дополнителна физичка активност.

Кога телото е во фаза на мирување и не е вклучено во никакви дополнителни активности освен основните, како дишење и одржување топлина, мозокот троши неверојатни 20 до 25% од вкупната енергија, и тоа главно во облик на гликоза. Тоа во просек се 350 до 400 калории дневно.

Во текот на детството, мозокот е уште поактивен.

„Мозокот на просечен петгодишник може да искористи повеќе од 60% од телесната енергија“, вели професорот Даг Бојер од Универзитетот Дјук во Северна Каролина.

Мозокот претставува „најскап“ енергетски орган во телото, а зафаќа само 2% од вкупната телесна тежина. Поголем дел од енергијата што овој орган ја користи е наменета за меѓусебна комуникација меѓу невроните, по пат на хемиски сигнали кои се пренесуваат преку синапсите, објаснува Аријана Харингтон, исто така професор на Универзитетот Дјук.

„Мозокот никогаш не се одмора. И кога спиеме му требна енергија за да дели сигнали меѓу клетките за да ја одржи функцијата на телото“, вели професорката.

Со оглед на тоа дека мозокот е голем потрошувач на енергија, дали тоа значи дека што повеќе го користиме, согоруваме повеќе калории?

„Технички, одговорот е да, за когнитивно тешките задачи. Тоа што се смета за тешка ментална задача варира кај секој поединец. Но, генерално тоа би можело да се опише како нешто што мозокот не може лесно да го реши користејќи претходно научени рутини или задачи кои постојано ги менуваат условите“, изјави Клод Месје, професор по психологија од Универзитетот Отава во Канада.

Таквите активности можат да бидат: учењето да свирите некој инструмент или повлекување иновативни потези во текот на играње шах.

„Кога вежбате за да научите нешто ново, вашиот мозок се прилагодува на зголемување на преносот на енергија во сите оние региони кои се активираат со вежбање. Со текот на времето, како што стануваме повешти во извршувањето на одредени задачи мозокот не мора толку напорно да работи, па извршувањето на таа задача на крајот бара помалку енергија“, вели Месје.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!