Македонија
Колку ќе се зголеми минималната плата?

Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, вклучително и на минималната плата на 450 евра, велат дека аргументите се на нивна страна.
- Во март, според законот ќе се направат пресметките и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Средства се предвидени во буџетот за да се покачи минималната плата, но колку ќе биде тоа, ќе видиме во текот на јануари и февруари. Кога ќе заврши годината, ќе се направат пресметките и ќе знаеме точно за колку ќе се покачи минималната плата, изјави денеска Дурмиши.
Вели дека има политичка волја да се зголеми минималната плата, но дека мора да се чујат сите засегнати страни.
- Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра. Реално да кажеме, барањето е 450, јас сакам да биде 600 евра. Но, да ги видиме сите засегнати страни, да се отвори темата во првите денови на декември. Ќе ги чуеме сите засегнати страни, ќе ги видиме и можностите на Владата дали се предвидени толку средства и дали има можност. Ќе ги видиме и барањата на работодавачите оти и тие се засегнати страни од ова барање и на крај ќе донесеме заедничка одлука, истакна Дурмиши.
Според Дурмиши, предвидени се средства за зголемување на минималната плата за околу 2.000 денари што е согласно со законското решение според кое во март минималната плата би се зголемила за 1.600 до 1.800 денари.
Ваквото зголемување, според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, не е доволно за преживување, а зголемувањето на минималната плата нема да биде преголем товар за државниот буџет со оглед на тоа дека околу 35.000 работници земаат плата во износ на минимална или под минимална плата.
– Според последните податоци, во Македонија 25. 000 работници примаат плата во висина на минимална плата, а 10.00 работници примаат плата од еден денар до 22.000 денари но она што е поразително е што сите овие работници примаат плата во плико за што не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа ја чини државата на годишно ниво околу 250 илјади евра, односно неуплатени придонеси во Фондот, изјави Трендафилов.
Според Трендафилов, дијалогот е отворен во однос на минималната плата и аргументите се на страна на синдикатите.
- Ако знаете дека минималната плата во Црна Гора од 600 е на 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна и Херцеговина од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 544 евра и дека синдикалната минимална кошничка изнесува 62. 000 денари покажува дека платите мора да се зголемат. разговараме по однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите и мислам дека на наредната седница на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме за потребата од растот на сите плати, вклучително и на минималната плата, рече Трендафилов.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос