Здравје и убавина
Колку крем за сончање треба да нанесувате и што значат бројките кај SPF?

Јакото Сонце носи свои ризици за кожата и за здравјето на луѓето. Се разбира дека при подолго изложување на сончеви зраци, не смеете да бидете без заштита. Креми за сончање нанесуваат сите, но дали знаете колку е доволно за да си ја обезбедите потребната заштита на кожата?. Докажано е дека повеќето луѓе нанесуваат само 25-50% од препорачаното количество. Од Институтот за јавно здравје откриваат дека на телото треба да се нанесува заштита од сонце, колку една мала чаша, и тоа 15 минути пред да излезете надвор. По неколку часа, треба да нанесете повторно, особено ако пливате или се потите.
Фактор за заштита од сонце (Sun Protection Factor – SPF) е единица мерка за ефектот на заштита од сонцето што штити од УВБ – зраците. Тоа покажува колку време може да поминете на сонце кога го користите, наведуваат од ИЈЗ. Едноставната формула е: ако не сте намачкани можете да поминете 10 минути на сонце без да изгорите, а на пример SPF 15 ќе ви овозможи да поминете 15 пати подолго, односно 150 минути.
Средство за заштита од сонце, оценето како SPF 10, блокира 90% од UVB-зрачењето. Современите средства за заштита од сонце содржат филтри за UVA зрачење, како и UVB. Иако UVA зрачењето не предизвикува изгореници, тоа придонесува за стареење на кожата и зголемен ризик од рак на кожата. Многу средства за заштита од сонце обезбедуваат заштита од широк спектар, што значи дека тие штитат од УВА и УВБ зрачење.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар