Вести
Колку се почитуваат детските права? – Светски ден за правата на децата

Обединетите нации го прогласија 20-ти ноември за Светски ден за правата на децата во 1954 година. Целта е да се подигне свеста за правата на децата и да се подобри детската благосостојба. На овој датум 1959 година Генералното собрание на ОН ја усвоило Декларацијата за правата на детето, а на истиот ден триесет години подоцна, во 1989 година била усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993-тата.
Сите деца и млади имаат право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, добро воспитување, слободно искажување на своето мислење. Родителите не смеат да употребуваат сила, злоставувањето и злоупотребата се забранети. Децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство. Децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба. Тие имаат право да живеат со своите родители и да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно. Децата и младите што се хендикепирани, имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден