Поврзи се со нас

Деца Родители

Колку учениците ги почитуваат наставниците и возрасните?

Објавено

на

    На сите треба да ни е јасно дека децата не се раѓаат со вградено чувство за почит кон другите. Сите деца претставуваат посебни индивидуи што подразбира дека сите деца треба да научат да ги почитуваат другите и да се борат да заслужат да бидат почитувани од другите. Ова е работа на родителите, но исто така е и работа на наставниците, тие имаат обврска да ги научат децата да ги почитуваат другите и да се борат преку своите дела и однесувања да стекнат почит од другите.

    Што се однесува до наставниците, тие треба да запомнат дека детето, во случајов ученикот, не е негов пријател, тој првенствено е негов ученик. Работата на наставникот е да го подучува ученикот, односно тој да стекне знаење кое ќе го користи функционално во општественото живеење. За да функционира успешно ученикот,  како индивидуа во општеството, тој прво треба да научи да се почитува себеси, а потоа да ги почитува и другите, но и да се труди преку неговото однесување да ја заслужи почитта од другите.

    Денес сите се прашуваме зошто денешниве деца, за разлика од порано кога ние бевме деца, помалку ги почитуваат возрасните и често влегуваат со нив во конфликт користејќи непристоен речник на комуникација или пак ги игнорираат и непристојно и неприфатливо се однесуваат занемарувајќи ги манирите на добро однесување и покажување нужна почит кон возрасните. Оваа појава не е изолирана и не се бележи само кај нас, оваа појава е прерасната во светски проблем и се евидентира насекаде. Оваа појава се должи на тоа што денес светот е поинаков, не е истиот во кој ние пораснавме.

    Се чини дека денес децата се бомбардирани на секој чекор со несоодветни, неприфатливи и деструктивни информации и начини на однесување преку: YouTube, различни интернет портали, видео игри, филмови, музика, преку кои се презентираат содржини со непочитување и груб начин на однесување. Ова нас како наставници и родители треба да не мобилизира да работиме напорно и посветено, треба да ги научиме децата да почитуваат за да бидат почитувани. Дополнителен проблем е и тоа што се чини дека денешните родители се многу потолерантни кон нивните деца за разлика од кога и да е порано, а тоа на наставниците дополнително им ја усложнува и отежнува работата со учениците.

    Друг дополнителен проблем е и тоа што денешните родители премногу заштитнички се однесуваат кон нивните деца, дури и тогаш кога потсвесно знаат дека нивното дете не е во право и направило грешка. Тие во вакви случаи често го игнорираат она што им се укажува од страна на наставникот или одговорните од училиштето, а исто така многу често родителите знаат во заштита на детето да користат и разни изговори кои не се базираат на конкретни факти и докази. Ова појава порано, кога ние сме биле деца, не била евидентна. Тогаш нашите родители биле пореални и знаеле да се соочат и да го признаат фактот дека нивното дете несоодветно се однесувало, и во однос на тоа биле подготвени заеднички со наставникот и другите релевантни училишни фактори да работат на случајот и да преземат корективни мерки во насока на подоброување на однесувањето на ученикот. Оваа појава манифестирана од страна на денешните родители, на заштитничко однесување кон детето и тогаш кога тоа не е во право, се базира на тоа што тие на овој начин се трудат да го компезираат недоволно посветеното време спрема нив „купувајќи“ ја нивната љубов на еден непринципиелен начин, давајќи им несвесно еден лош пример кој децата го прифаќаат и практикуваат во иднина во нивен контекст на случувања и живеење во реалниот свет од нивниот понатамошен живот.

    Ваквата состојба секако дека може да се смени доколку напорно се работи и од страна на родителите и од страна на наставниците.

    пишува: м-р Јанко Билбилоски, советник во Биро за развој на образование

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена