Поврзи се со нас

Гостивар

Колумна: РОМИТЕ – нашите сограѓани од другата страна на улицата

Објавено

на

Кои се Ромите?

Постојат различни одговори на поставено прашање, но според мене најдобро Ромите ги опишал Сарвантес во својата книга Ла Гитанила преку старецот Ром од 17 век за Ромите ќе напише:

Неприкосновено знаат да го чуваат законот на пријателството и живеат ослободени од горката зараза на љубомората. За нив суровоста на небото е лесно ветерче, снеговите – освежување, громовите им се музика, а молњите – факели. Нивната воља не ја скротуваат ниту јажињата, не ја гушат водите, не ја скротуваат справите за мачење. И во темнината тие пеат… додека ги мачат тие молчат…

Но, кои се навистина Ромите?

Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивниот број во Европа се движи помеѓу 10 – 12 милиони. Од нив 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европа. Најголем број Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија, Грција и  Северна Македонија.

Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуваат Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Ромите најверојатно го добиле името по Рама, легендарниот јунак од староиндискиот еп Рамајана, а неговите деца постанале Рамини деца (Романе чаве) за тоа сведочат записи од хроничари, научни истражувања, уметнички дела и т.н. За иселувањето на Ромите од Индија допринеле војните, прогоните и номадскиот начин на живеење. Големите походи на војсководците како што се Махмуд од Газни, Махмуд од Гора, Џингис Кан и Темерлан, условиле голем дел Ромите кои живееле во Индија да ја напуштат земјата. Ромите кои останале во Индија се преселувале од север кон југ, така што и во денешно време се среќаваат во многу индиски области. Ромите кои ја напуштиле Индија биле принудени да користат различни правци на движење. Така, по мислењето на голем број научници, прво стигнале во Иран и Авганистан, а одтаму во различни правци кон Каспискито море, Ерменија преку Кавказ во Рускија, Грција и земјите на Балканскиот полуостров. Над Ромите во минатото се направени безброј прогони и убивања. Според податоците одолу 500.000 Роми се убиени во Втората светска војна, најчесто во логорите направени од фашистите.

Ромите во Република Северна Македонија

Познато е дека Ромите се појавуваат од средновековните земји во средината на 11 век и може со сигурност да се претпостави дека тие во Северна Македонија се присутни од 12 век, а голем број Роми се стигнати на овие простори за време на владеењето на српскиот крал Стефан Дечански, додека пак уште поглем број на Роми пристигнале во јужнословенските земји за време на владеењето на Турците на овие простори. Така, во пописите што ги правеле османлиските власти, може да се најде дека Ромите живееле во турските кадилуци или кази. Во Северна Македонија во периодот 1888 до 1895 година, кога е правен попис на населението, имало 22.000 жители Роми. Најмногу Роми имало во битолскиот, прилепскиот, скопскиот, струмичкиот и тетовскиот регион додека половина од нив живееле во градовите. Според податоците на истражувачите и научниците (етнолози, географи, социолози, историчари) кои ги проучувале Ромите во периодот од 12 до 20 век се заклучува дека на Ромите, на територијата на Северна Македонија е правена асимилација и претопување од страна на народите на овие простори. Тие задржале извесни антрополошки особини, но воглавно изгубиле голем дел од етничките ознаки. Според последниот попис направен во државата во 2002 година, официјално има 53.000 Роми, но според тврдењата на политичниките партии и здруженијата на граѓани овој број е далеку поголем.

Национално будење на Ромите

По предлог на Слободан Берберски (писател, долгогодишен активист на ромското движење од Белград) на 6 Април 1971 година е одржан првиот светски конгрес на Ромите во Лондон и е основана првата меѓународна ромска организација и за нејзин претседател бил избран Берберски. На тој конгрес е донесена одлука за знамето и химаната на Ромите, 8-ми Април бил прогласен за меѓународен ден на Ромите, а воспоставен е и првиот контакт со Индиската влада, преку амбасадата на Индија во Лондон. Меѓународна организација на Ромите почнала да се обраќа на Обединетите нации и на нејзините органи, сакајќи како невладина организација да стане членка на меѓународната заедница и барајќи заштита на припадниците на Роми во сите земји. Вториот светски конгрес е одржан во Април 1978 година во Женева на кој беше усвоен статутот и резолуција, и со самото тоа карактерот и деталноста на организацијата. Непосредно после одржување на вториот конрес, поднесено е барање за прием во Економскиот и социјален совет на Обединетите Нации. Курт Валдајм тогашниот генерален секретар на Обединетите Нации одговорил позитивно. Денес навршуваат 50 години од одржување на првиот конгрес, а со тоа не можеме да кажеме дека Ромите имаат некој значаен прогрес во општественото живеење во Светот, она што може да се заклучи е дека државите треба да покажат поголема емпатија кон Ромскиот народ за да може да кажеме дека има мал напредок.

Ромите вчера и денес

Ромите вчера заедно со другите етнички заедници Ромите се обидуваат да се структуираат во општеството и така се формираат политички партии и здруженија на граѓани и слично но сепак тие се во сенка, Ромите не се консултираат за носење на политки кои би помогнало да излезат од состојбите во кои се наоѓаат на начин кој само тие го знаат, работната сила е ниско платена, нивното ниско образование ги елиминира од системот на конкуренција на работна сила, ги нема во институциите.

Ромите денес не многу се разликуваат од вчера, но за име на вистината, во еден дел од општественото живеење тие денес се во подобра состојба од вчера, но никако не се еднакви со состојбата на другите етнички заедници. Денес Ромите се во Собранието, ги има во институциите на централно ниво, но нивните позиции не се на ниво да одлучуваат. Денес Ромите имаат образован кадар и само сега има повеќе од 200 Роми кои се запишани во различни факултети, додека бројката на дипломирани е многу висока. Но за жал Ромите се уште остануваат на последното место на вработени, нивниот процент на невработеност од 90-та година, па се до денес никогаш не е помал од 70% во споредба со другите етнички заедници, овој процент на невработеност ја присилува оваа етнична заедница да се снаоѓа за живот на различен начин за да може да преживее.

Од тука ги повикувам сите оние кои работат за подобрување на состојбата на Ромите, имавме можност да се изначитаме на еден куп стратегии, акциони планови, и т.н. време е да видиме значајни промени на Ромите, сите ние имаме должност да придонесеме повеќе ако сакаме идните генерации да не паметат по добро.

За Gostivarpress.mk пишува: Шукри Точи, дипломиран правник и активист од Гостивар.

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена