Вести
Комбе паднало во провалија близу Стража
Регистрирана сообраќајна несреќа денес околу 13 часот и 30 минути, близу планинскиот превој Стража. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, возило волсваген игуан со белоруска регистрација, од засега непознати причини излетало од патот и паднало во провалија. Со возилото се превезувале пет лица, странски државјани. Една жена и две деца биле пренесени во гостиварската болница каде им се пружа лекарска помош. Најверојатно се работи за полесни повреди, но повеќе информации за нивната здравствена состојба ќе се знаат подоцна.
Во тек е увид на местото на несреќата, а на патниот правец нема застој и сообраќајот се одвива нормално. Се преземаат и мерки за извлекување на возилото од бездната.
Пред три дена во близина на превојот Стража беа регистрирани две сообраќајки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград