Македонија
Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

Во Клубот на новинари денеска беше одржана комеморација во чест на починатиот новинар Саше Димовски. Покрај неговото семејство, присутни беа колеги од различни медиуми, судии, обвинители и пријатели, информираат од Здружението на новинарите на Македонија.
Говорниците на комеморацијата се осврнаа на почетоците и развојот на професионалната кариера, нагласувајќи го неговиот посветен пристап кон работата и непоколебливата заложба за откривање и пренесување на вистината.
„Неговата работа беше обележана со уникатен новинарски пристап, што го направи пример за многу млади новинари и колеги“, наведуваат од ЗНМ.
Како долгогодишен член на ЗНМ и претседател на Советот на честа при Здружението, како што е истакнато на комеморацијата, Димовски значително придонесе кон зајакнување на професионалните стандарди и интегритетот на новинарската професија во Македонија, особено преку неговиот „професионален рендген за најтемните ќошиња од секторот правда“.
„Под негово водство, Советот на честа при ЗНМ постигна значителен напредок во унапредувањето на етичките норми и заштитата на новинарските права, оставајќи наследство кое ќе продолжи да влијае врз идните генерации новинари. Следствено, на комеморацијата се даде и идејата во иднина да се востанови награда за истражување во правосудството, која би го носела неговото име“, стои во соопштението од ЗНМ.
Саше Димовски работеше како новинар од 1996 година. Работниот век го мина во бројни телевизии „Канал 5“, „Сител“, „Алфа ТВ“, ТВ „24 Вести“ како и во неделникот и дневниот весник „Фокус“ на позиција новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот СВЕДОК од 2015 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос