Поврзи се со нас

Гостивар

Комеморација во медицинско во Гостивар за загинатиот ученик: „Ахмет Хакан Шанверди вечно ќе останеш во нашите срца“

Објавено

на

Средношколците и просветниот кадар во медицинското училиште во Гостивар денес му одадоа почит на прерано починатиот другар и соученик, Ахмет Хакан Шанверди од Турција. Ахмет Хакан, кој годинава требаше да биде матурант, го загуби животот неодамна во сообраќајна несреќа во родната земја.

На комеморативниот собир, кој започна со едноминутно молчење се обрати заменик директорот на училиштето, Даут Бајрами.

„Нашиот ученик од овој свет замина многу млад. Оваа трагична вест многу не‘ погоди сите нас. Тој вечно ќе остане да живее во нашите срца и молитви. До семејството упатуваме длабоко сочувство“, рече Бајрами.

Професорката Себил Ханџи, која му била класен раководител истакна дека изгубиле ученик со добро срце и однесување за пример. „Некогаш зборовите не се доволни да се искаже се‘. Го испративме предвреме нашиот ученик, кој имаше добро срце и душа и однесување за пример. Никогаш нема да го заборавиме“, рече професорката.

На комеморацијата присуствуваше и делегација од Општина Гостивар. Во спомен на загинетиот ученик, градоначалникот Арбен Таравари во дворот на училиштето засади дрвце, а беше положен и буќет цвеќе.

Ахмет Хакан Шанверди во Гостивар дошол за да се образува во средното медицинско училиште.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена